Топ-100
Back

ⓘ Солено езеро е копнена водна површина со значително поголема концентрација на сол и други минерали од највеќето езера. Во некои случаи концентрацијата на сол е ..




Солено езеро
                                     

ⓘ Солено езеро

Солено езеро е копнена водна површина со значително поголема концентрација на сол и други минерали од највеќето езера. Во некои случаи концентрацијата на сол е поголема од морската, и таквите се нарекуваат "хиперсолени езера".

                                     

1. Особености

Солените езера се образуваат кога водата што дотекува во езерото содржи сол или минерали и не може да го напушти бидејќи езерото претставува непроточен слив. Потоа водата испарува, а остануваат растворените соли, така зголемувајќи ја соленоста на водата. Поради ова солените езера се одлични за експлоатација на сол. Големата соленост води до карактеристична флора и фауна во езерото, а понекогаш и отсуство на секаков жив свет.

Ако дотокот на вода е помал од количеството на испаренијата, тогаш езерото постепено исчезнува, образувајќи солена рамнина.