Топ-100
Back

ⓘ Патонски мост, Киев. Патонскиот мост е мост се наоѓа во престолнината на Украина, Киев. Мостот минува преку реката Днепар, а е именуван според нејзиниот градите ..




Патонски мост (Киев)
                                     

ⓘ Патонски мост (Киев)

Патонскиот мост е мост се наоѓа во престолнината на Украина, Киев. Мостот минува преку реката Днепар, а е именуван според нејзиниот градител, Евгениј Патон.

Овој мост бил изграден во периодот од 1941 до 1953 година, и е најголемиот во Украина со должина од 1.543 метри или 5.062 стапки. Официјално бил отворен на 5 ноември 1953 година. По неговото отварање, мостот немал некои поголеми обнови до 1968 година, кога биле поставени огради од двете страни, бил обележан пешачкиот и автомобилскиот сообраќај. Во 1976 година се сметало дека мостот нема да може да издржи, бидејќи бил дизајниран за околу 10.000 возила на ден. Сепак, резултатите покажале дека мостот е способен да издржи и до 70.000 возила дневно.

Во 2004 година, мостот претрпел голема реконструкција. Истата година престанал да постои трамвајскиот сообраќај покрај мостот, а биле додадени дополнителни ленти преку кои бил регулиран големиот метеж по мостот. Денеска, мостот е поделен на седум патеки. Од 1 февруари 2008 година, по иницијатива на Министерството за транспорт на Украина, на мостот било додадено дополнително осветлување. Во 2009 и 2010 година, мостот бил повторно реновиран.

Кон крајот на 2011 година, мостот треба да започне со нова реконструкција.

                                     
  • Софија украински: Собор Святої Софії или Софійський собор се наоѓа во Киев Украина, и претставува исклучителен архитектонски споменик на Киевска Русија
  • украински: Міський парк е еден од парковите во престолнината на Украина, Киев Поранешни имиња на паркот се: Царски парк во времето на Руската Империја
  • украински: Михайлівський золотоверхий монастир е манастир кој се наоѓа во Киев главниот град на Украина. Манастирот се наоѓа на десниот брег од реката
  • Железничката станица Киев - Волинск украински: Київ - Волинський е железничка станица која се наоѓа во престолнината на Украина, Киев
  • Китаївська пустинь е манастир кој се наоѓа во Киев Украина. Името на црквата доаѓа по Китаево, регион во Киев црквата била изградена во текот на 18 век
  • Богдана та Варвари Ханенків е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев Неговото поранешно име е Музеј на западната и ориенталната уметност. Овој
  • украински: Вулиця Івана Мазепи е улица која се наоѓа во Печерскиот реон на Киев Украина. Улицата се наоѓа меѓу Арсеналниот плоштад и Плоштадот на славата
  • Јарославов Вал украински: Вулиця Ярославів Вал е улица која се наоѓа во Киев Украина. Улицата се наоѓа помеѓу Владимирската улица и Воровската улица
  • украински: Михайлівська площа е плоштад кој се наоѓа во реонот шевченко во Киев Украина, меѓу улиците Михаиловска, Житомирска, улицата Три светители и Владимирска
  • Асколдовата могила украински: Аскольдова могила се гробишта кои се наоѓаат во Киев Украина. Овие гробишта се едни од најпознатите во киевската историја, кои
  • Киев Украина. Гробиштата биле основани во 1870 година. Овде постојат две масовни гробници, и тоа гробница на загинатите војници во одбраната на Киев

Users also searched:

...
...
...