Топ-100
Back

ⓘ Норботен, округ. Норботен е најсеверниот округ во Шведска. Се граничи со округот Вестерботен на југозапад, Ботнискиот Залив на југоисток, окрузите Нурлан и Тром ..




Норботен (округ)
                                     

ⓘ Норботен (округ)

Норботен е најсеверниот округ во Шведска. Се граничи со округот Вестерботен на југозапад, Ботнискиот Залив на југоисток, окрузите Нурлан и Тромс на северозапад и Лапонија на североисток. Населението брои околу 250.000 жители.

Името "Норботен" може да се однесува и на истоимената покраина. Покраината Норботен го опфаќа само источниот дел од округот - внатрешниот дел е дел од покраината Лапонија Лапланд.

                                     

1. Географија

Норботен зафаќа речиси 1 ⁄ 4 од Шведска, но е мошне ретко населен. Ова особено важи за внатрешниот дел на Лапонија.

Климата е сурова поради северната географска положба. Меѓутоа лете деноот е долг и земјоделските култури узреваат за 2–3 месеци. Одгледувањето на житарки е важна стопанска гранка. Покрај ова застапени се и компирот и репката. Најважно растение е тревата, од која се добива сено за добитокот.

Поважни реки во Норботен од север кон југ се Турне, Луле, Каликс и Пите. Заеднички со округот Вестерботен се реките Скелефте и Уме. Други подолги реки барем 100 км што се влеваат право во морето се Сангис, Роне, Оби и Биске.

                                     

2. Историја

Во Средниот век Норботен се сметал за "ничија земја" поради големите пространства и слабата населеност релативно мал број на Лапонци, Квени и племенски народи сродни на Финците. Шведските кралеви правеле напори да ја колонизираат и христијанизираат областа, но ова потрајало доста долго време. Дури и денес локалните малцинства ја имаат задржано својата култура и обичаи.

Природните ресурси на Норботен одиграле клучна улога во индустријализацијата на Шведска во текот на XX век, што предизвикало масовни преселби на населението од север кон југ и обратно.

                                     

2.1. Историја Култура

Културата на Норботен во голема мера се разликува од шведската поради мешавината на народи Лапонци, Финци и шведски доселеници како и поради климатските услови. Во ова подрачје опстојуваат разни стари шведски и фински дијалекти и имаат многу говорници. Мештаните се сметаат за посебен народ.

Во крајбрежниот дел се сместени историските градови Лулео и Питео. Стариот дел на Лулео оддалечен 10 км на север од денешниот градски центар е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.

Лапонскиот, мејанкиели и финскиот јазик можат да се користат во делови од Норботен. Лапонскиот е службен малцински јазик во општините Арјеплуг, Јеливаре, Јокмок и Кируна. Финскиот го има истиот статус во општините Јеливаре, Хапаранда, Кируна, Пајала и Евертурнео.

                                     

3. Управа

Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник. Норботен има и окружен совет.

                                     

4. Општини

Во округот влегуваат следниве општини од север кон југ, со население во 2002 г.

покраина Норботен:

  • Елвсбин 8.500
  • Питео 40.500
  • Пајала 7.000
  • Каликс 17.500
  • Еверкаликс 4.000
  • Евертурнео 5.500
  • Лулео 75.500
  • Буден 28.000
  • Хапаранда 10.000

покраина Лапонија:

  • Арјеплуг 3.200
  • Јокмок 5.500
  • Кируна 23.500
  • Арвидсјаур 7.000
  • Јеливаре 19.500
                                     
  • дел од Русија, се јавило потреба од формирање на нов округ Така, во 1810 е создаден округот Норботен сочинет од северните делови на Лапонија и Вестерботен
  • фински мејанкиели: Tornio или Torniojärvi е езеро во општината Кируна во Лапонија, округ Норботен Шведска, поточно во подрачјето на Скандинавските Планини. Ова е седмо
  • Natura 2000: Nissuntjårro SE0820623 Окружен административен одбор на Норботен 2007. стр. 5. Архивирано од изворникот PDF на 20 јуни 2011. Посетено
  • на северот на Шведска. Се граничи со покраините Онгерманланд, Лапонија, Норботен и Ботнискиот Залив. Позната е по своето сирење кое го носи името на покраината
  • Стура Шефалет швед. Stora Sjöfallet е национален парк во округот Норботен во северниод дел на Шведска, на границата со Норвешка. Отворен е во 1909 и
  • Катаја швед. Kataja е островче јужно од Хапаранда во округот Норботен Шведска. Зафаќа површина од 0, 71 км2, со димензии од 2 км во должина и 200 500
  • швед. Västerbottens län е округ län на северот на Шведска. Се граничи со окрузите Вестернорланд, Јемтланд и Норботен како и округот Нурлан во Норвешка
  • изградена во 1855 г. Густавија е збратимена со градот Питео во покраината Норботен Шведска Популарни знаменитости во и околу гратчето се крајбрежната Карлова
  • лено се првостепени административни единици во Шведска. Во земјата има 21 округ Воведени се во 1634 на иницијатива на грофот Аксел Оксенхерна со цел да
  • и организациите се регистрирале само во еден округ им било дозволено да запишат домен со букви на округ se. Непрофитните организации биле запишувани

Users also searched:

...