Топ-100
Back

ⓘ Бланкенбург, Харц. Бланкенбург - град и здравствен центар во округот Харц, во Саксонија-Анхалт, Германија, во северното подножје на планините Харц, 12 километри ..




Бланкенбург (Харц)
                                     

ⓘ Бланкенбург (Харц)

Бланкенбург) - град и здравствен центар во округот Харц, во Саксонија-Анхалт, Германија, во северното подножје на планините Харц, 12 километри југозападно од Халберштат.

Во голем дел е повторно изграден по пожарот во 1836, и поседува дворец, со различни збирки, музеј на антиквитети, старата градска куќа и црквите. Постојат бањи во борови шуми и болница за нервни болести. Градинарството е специјалност. Во близина е карпа или срт на карпа нарекуван Teufelsmauer Ѕид на ѓаволот, од каде се може да се види рамнината, како и длабоките клисури на Харц.

                                     

1. Географија

Градот Бланкенбург Харц се наоѓа во северното подножје на планините Харц на надморска височина од 234 метри. Се наоѓа, западно од Кведлинбург, јужно од Халберштат и источно од Вернигероде. Потокот познат како Голдбах тече низ округот Езиг северозападно од градскиот центар.

Општинска поделба

Општината ги вклучува следниве села:

  • Тименроде
  • Хајмбург
  • Винроде
  • Бернеке
  • Хитенроде
  • Деренбург
  • Катенштет

Исто така, постојат и неколку неофицијални имиња за околии во градот:

  • Герен
  • Зоненбрајте
  • Хелзунген
  • Михаелштајн
  • Регенштајн
  • Езиг

Соседни градови

Во стрелките на часовникот од север:

  • Град Тале
  • Град Вернигероде
  • Општина Оберхарц на Брокен
  • Град Халберштат
  • Општина Нордхарц
                                     

2. Историја

Првите траги на населби потекнуваат од палеолитот, но првото документирано спомнување на Бланкенбург е во 1123. Саксонскиот војвода, Лотар од Суплинбург го испратил Попо, внукот на бискупот, Рајнхард од Бланкенбург, како гроф на замокот, кој застанал на голите камења на местото на денешниот замок. Имрето на градот доаѓа од овој замок.

Грофот Попо I од Бланкенбург многу веројатно потекнува од франкиската благородно семејство Регинбодонен. Неговите наследници биле исто така сместени во блискиот Замок Регенштајн. Ова било феуд на Бискупијата Халберштат како Грофство Бланкенбург, исто така нарекувано Hartingau. Во 1180/82 Фридрих I Барбароса) го уништил Бланкенбург, поради тоа што ветил "единствена верност" на велфскиот, Хенрик Лав. Во 1386, Бланкенбург доживеал повторно тешко уништување.

По смртта на последниот гроф Регенштајн, Џон Ернест, грофството во 1599 како договорен феудален имот erledigtes Lehen се вратило назад на војводството Брауншвајг-Линебург. Во текот на Триесетгодишната војна, Бланкенбург бил под голем притисок на Валенштајн и бил окупиран во 1625. Деветте ѓулиња вградени во ѕидините на градското собрание спомнуваат за овие тешки времиња.

Војводите од Брауншвајг-Линебург го претвориле местото во втора резиденција во XVII век и уживале во празниците под војводата Лудвиг Рудолф 1690–1731, вториот син на Антони Улрих од Волфенбител. Рудолф го дал Бланкенбург во 1707, како paragium. Истовремено, Грофството Бланкенбург го добило статусот на царско кнежевство Reichsfürstentum, кое се управувало независно до 1731, но тогаш, бидејќи Лудвиг Рудолф станал војвода, било обединето кон Брауншвајг, каде и останало. Сегашниот Мал замок со неговите скалести градини и барокната градина потекнуваат од тој период. Од 1807 до 1813, Бланкенбург припаднал кон Кралство Вестфалија.

Во Седумгодишната војна, апсолутната неутралност на градот ја искостил како безбедно прибежиште судот од Брауншвајг. Луј XVIII, исто така, останал во Бланкенбург под името Гроф од Лил од 24 август 1796 до 10 февруари 1798, по неговото бегство од Дилинген.

Во почетните денови на нацистичката ера, оние кои се противеа на нацистичкиот режим беа прогонувани и убивани. Во познатата кампања од брауншвајгскиот СС командант, Јекелн, во септември 1933, 140 комунисти и социјалдемократи биле нападните заедно во кафеаната, Zur Erholung. Таму и на Blankenburger Hof тие биле тешко тепани, некои умреле како последица на тоа. Во текот на Втората светска војна, подкампот на концентрациониот камп Бухенвалд Бланкенбург-Есиг бил основан од д-р Даш "Harzer Werke" и кратко потоа, подкамп на концентрациониот камп Мителбау-Дора. Тука, околу 500 затвореници морале да вршат принудна работа во манастирската фабрика и Ода. Покрај тоа, имало и работен камп воден од Гестапо за "половина-Евреите", кои биле принудена на тешка работа. Друг камп бил окупиран во февруари 1945 од затворениците на подкампот на Аушвиц Фирстенгрубе.

Како дел од поделбата на Германија во окупациони зони во 1945, округот Бланкенбург бил всушност доделен на британската зона според Потсдамската конференција и Лондонскиот протокол. Но, бидејќи поголемиот источен дел на округот бил поврзан со остатокот на британската зона само со пат и железница, границата била приспособена и Бланкенбург бил припоен кон Советска зона. Така, најголемиот дел од округот завршил во Источна Германија и станал дел од покраината Саксонија-Анхалт. Главниот дел од поранешната Слободна држава Брауншвајг бил кон британската зона и станал дел од Долна Саксонија.

Тунелите на објектот Регенштајн-Бланкенбург биле користени од 1974 од страна на Националната народна армија NVA во ГДР како најголемо депо на муниција. Во 1992, Сојузната војска "Bundeswehr" го презема 8 километри долгиот тунел и ја основала, "најголемата подземна аптека во светот": како за рутински мисии на војската, така и за катастрофи низ целиот свет и во случај на сериозни воени "операции".

                                     

3. Еврејскиот живот во Бланкенбург

На крајот на XII век, игуманијата на Кведлинбург ветила имот за Евреите од Бланкенбург. Ова истовремено било ветени и за Бланкенбург и за Кведлинбург. Дали имало синагога во Бланкенбург во средниот век, не е јасно.

Во денешно време, повеќе не постои синагога во Бланкенбург. Во саботите, неколку еврејски семејства се сретнуваат во близина на Chrons zum Sabbat, вклучувајќи го и семејството на стопанственикот Александар Мајер, Мориц Вестфелд и Конрад Хесе, како и Ана Ев и Лидија Ринарсевски. Во пресрет на Kristallnacht на 9 ноември 1938, Евреите биле депортирани од Бланкенбург во различни кампови. На пописот од 17 мај 1939, сè уште имало дванаесет еврејски граѓани, вклучувајќи и пет мажи.

                                     

4. Политика

На 25 мај 2009, титулата Ort der Vielfalt "Место на различноста" му беше доделена на градот од сојузната влада.

Градски совет

Со локалните избори на 11 април 2010, градскиот совет е составен од следниве:

  • Доброволна противпожарна бригада Деренбург: 1 место
  • Изборна група за економија за заштита на животната средина Деренбург ВУЛ: 2 места
  • Интересна група Про Хајмбург ИГПХ: 1 место
  • Изборна група Про Бланкенбург: 3 места
  • Изборна група Тименроде ВГТ: 2 места
  • Изборна заедница Катенштет: 1 место
  • Заедно за децата и младите / ИГ Култура Деренбург: 1 место
  • СлДП: 2 места
  • ДХС: 10 места
  • СДП: 3 места
  • Граѓанска акција Винроде БАВ: 2 места
  • Левица: 5 места
  • Слободна изборна заедница Харц: 1 место
  • Сојуз 90/Зелени: 1 место
  • Независниот Франк Шаде: 1 место
                                     

5. Економија и инфраструктура

Најважните економски гранки за Бланкенбург Харц се туризмот и објектите за спа, како и здравствената индустрија. Исто така, постојат и неколку мали и средни бизниси. Најголемиот индустриски објект во градот е Harzer Werke Motorentechnik со околу 60 вработени, којшто потекнува од мала леарница, основана во 1870.

                                     

5.1. Економија и инфраструктура Сообраќај

Железничка станица Бланкенбург Харц - терминална и има добар сообраќајни врски. Постојат поврзувања до Елбингероде Железница Рибеланд единствено со добри возови и до Халберштат. Харц-Елба Express ја управува линијата до Халберштат од 15 декември 2005. Во XX век, постоела линија до Тале и Кведлинбург.

Бланкенбург Харц се наоѓа веднаш до Б 6н, новоизграден одвоен автопат, а е поврзан со двете раскрсници: Бланкенбург Исток и Бланкенбург Центар. Исто така, Б 27 сојузниот регионален пат поминува југозападно и Б 81 од север кон југ низ Бланкенбург Харц.

                                     

5.2. Економија и инфраструктура Образовни институции

  • Граматичко училиште: Гимназија Ам Ти
  • Основни училишта: Основно училиште Ам Регенштајн, Училиште Мартин Лутер
  • Средни училишта: Училиште Август Бебел, Училиште Хајнрих Хајне
  • Јамаха музичко училиште, Шикер
                                     

6. Култура и места на интерес

  • Малиот замок Kleine Schloss со неговата барокна градина припаѓа на мрежата на Градини на соништата Саксонија-Анхалт.
  • Цигенкопф
  • Исто така, можете да ги видите историските градини.
  • Песочните пештери Sandhöhlen во Херс.
  • Градот Бланкенбург Харц има сликовити вили од крајот на XX век.
  • Тојфелсмауер Ѕидот на ѓаволот - бизарна формација на варовнички карпи и геолошки споменик на природата.
  • Над градот, јужно на ридот Бланкенштајн 334 м - Замокот Бланкенбург.
  • На крајот на градот се наоѓа поранешниот замок Регенштајн.
  • Остатоци од замокот Луизенбург.
  • Градската куќа произлегува од ренесансниот период внатрешноста била постара, но подоцна е изменета.
  • На градската куќа е средновековната парохиска црква Свети Вартоломеј. Во кулата и олтарот на црквата постојат доцноромански делови, од околу 1200 година. Статуите добродетелите во олтарот на црквата, веројатно околу 1300, припаѓаат на другите наследници на добродетелните статуи во Наумбург.


                                     

6.1. Култура и места на интерес Театар

Во Големиот замок е театарот, кој е повторно обновен.

                                     

6.2. Култура и места на интерес Музеи

  • Градскиот музеј на Бланкенбург Харц во Малиот замок, поранешниот војводски Lustschloss
  • Тука е и Опатија Михаелштајн со нејзината тревна градина и инструменталниот музеј.
  • Уникатно во Германија е хостел-музејот. Содржи голема збирка на предмети, како и библиотеки на ракотворби.
                                     

6.3. Култура и места на интерес Згради

  • Големиот замок
  • Градската куќа
  • Малиот замок
  • Кула Вилхелм Рабе западно од Бланкенбург Харц на Ајхенберг
  • Опатија Михаелштајн
  • Црква Свети Вартоломеј
  • Руини на замокот Регенштајн
                                     

6.4. Култура и места на интерес Историски споменици

  • Меморијален гроб за затворениците од концентрациониот камп и присилната работна сила од различни националности на гробиштата Alten Friedhof на Lühner-Tor-Platz
  • Споменик камен во знак на сеќавање на затворениците од концентрациониот камп во близина на денешното училиште Дистервег во округот Езиг
  • Спомен-плоча во Мауерштрасе 14 во спомен на казната на 63 антифашистите во септември 1933
                                     

6.5. Култура и места на интерес Постојани настани

  • Земјен и фестивал за камиони
  • Опатиски фестивал
  • Викиншки фестивал Велигден
  • Турнир во ножеви во јули
  • Историски викенд железницата и плоштадите; барокната градина во замокот и парковите
  • Концерти во Опатијата Михаелштајн цела година
  • Божиќен пазар Штернтал
                                     

7. Познати личности

  • Јоаким Албрехт Егелинг, нацистички водич, роден 30 ноември 1884, умрел 15 април 1945 во Морицбург Хале
  • Освалд Шпенглер, филозоф, роден 19 мај 1880, умрел 8 мај 1936 во Минхен
  • Роберт Колдевеи, архитект и археолог, роден 10 септември 1855, умрел 4 февруари 1925 во Берлин
  • Јозеф фон Радовиц, генерал и политичар, роден 6 февруари 1797, умрел 25 декември 1853 во Берлин
  • Фредерика од Хановер, принцеза-жена на Павле од Грција, родена 18 април 1917, умрела 6 февруари 1981 во Мадрид
                                     
  • Бланкенбург може да се однесува на следниве места во Германија: Бланкенбург Харц - град во округот Харц Саксонија - Анхалт Бад Бланкенбург - град во
  • германски: Börnecke - село во градскиот округ Бланкенбург Харц во северниот дел на Харц во централниот германски округ Харц во Саксонија - Анхалт.
  • северно од Харц, приближно 9 километри источно од Вернигероде и 10 километри западно од Халберштат. Од 1 јануари 2010, е дел од градот Бланкенбург на Харц
  • германски: Wienrode - село и поранешна општина во округот Харц во Саксонија - Анхалт, Германија. Од 1 јануари 2010 е дел од градот Бланкенбург на Харц
  • германски: Timmenrode - село и поранешна општина во округот Харц во Саксонија - Анхалт, Германија. Од 1 јануари 2010 е дел од градот Бланкенбург на Харц
  • германски: Hüttenrode - село и поранешна општина во округот Харц во Саксонија - Анхалт, Германија. Од 1 јануари 2010 е дел од градот Бланкенбург на Харц
  • германски: Heimburg - село и поранешна општина во округот Харц во Саксонија - Анхалт, Германија. Од 1 јануари 2010 е дел од градот Бланкенбург на Харц
  • германски: Cattenstedt - село и поранешна општина во округот Харц во Саксонија - Анхалт, Германија. Од 1 јануари 2010 е дел од градот Бланкенбург на Харц
  • Волфсхаген во слободната област Харц округ Гослар Пред проширувањето на округот Гослар припаѓале на окрузите Бланкенбург Гандерсхајм и Волфенбител.
  • Харц германски: Harz - највисок планински венец во северна Германија со мошне нерамен терен што се протега во Долна Саксонија, Саксонија - Анхалт и Тирингија

Users also searched:

...