Топ-100
Back

ⓘ Турнетреск е езеро во општината Кируна во Лапонија, Шведска, поточно во подрачјето на Скандинавските Планини. Ова е седмо езеро по големина во Шведска, со површ ..




Турнетреск
                                     

ⓘ Турнетреск

Турнетреск е езеро во општината Кируна во Лапонија, Шведска, поточно во подрачјето на Скандинавските Планини. Ова е седмо езеро по големина во Шведска, со површина од 330 км 2 и должина од 70 км. Езерото се одлива на југоисток преку реката Турне. Југозападно од езерото се наоѓа националниот парк Абиску и областа Лапонија која е прогласена за светско наследство на УНЕСКО.

Езерото е од ледничко потекло, поради што е доста длабоко 168 м, и со тоа второ по длабочина во земјата. Од декември до јуни е замрзнато, со извесни варијации зависно од движењето на температурите.