Топ-100
Back

ⓘ Шамил Басаев. Шамил Салманович Басаев бил потпретседател на меѓународно непризнатата Чеченска Република Ичкерија, исламистички герилски командант, терорист и ед ..




Шамил Басаев
                                     

ⓘ Шамил Басаев

Шамил Салманович Басаев бил потпретседател на меѓународно непризнатата Чеченска Република Ичкерија, исламистички герилски командант, терорист и еден од најпознатите Чеченци.

Басаев завршил средно образование во 1982 година. Служел воена служба во воено-воздушните сили на СССР. На три наврати аплицирал на Правниот факултет во Москва. Басаев е роден во семејство што традиционално се борело против руските власти и го добил името според средновековниот чеченски водач Имамот Шамил. Со прогласувањето на чеченската независност од Русија во 1991 година, Басаев веднаш почнал терористички активности. Тој првпат се појавил во јавноста кусо време по обидот за комунистички државен удар во 1991 година кога киднапирал руски патнички авион и го принудил да се приземји во Анкара, Турција, каде побарал конференција за печатот за да му каже на светот што се случува во Чеченија.

Три години подоцна, кога руските војски за првпат ја нападнале Чеченија, Басаев станал командант на баталјон од 2.000 борци. Во 1995 година Русите го освоиле главниот град Грозни, а во напад кај селото Душне-Ведено убиле 11 члена на семејството Басаев, вклучувајќи ги сопругата и децата на Шамил. Поразени на фронтот, Шамил Басаев почнал серија крвави терористички напади и се свртел кон исламистичката идеологија. Тој лично го предводел нападот врз болницата во рускиот град Буденовск во јуни 1995 година, десетина дена по убиството на неговото семејство. Басаев и неговиот одред ја нападнале полициската станица во овој град и убиле 15 лица, по што ја освоиле болницата со 1.500 пациенти.

Басаев побарал Русија да ги повлече силите од Чеченија и се заканил дека во спротивно ќе ги убие заложниците. Следниот ден убил пет заробени полицајци. Неколку дена руските специјалци ги напаѓале грабнувачите, при што во борбите загинале стотина заложници. По четири дена, руските сили привремено ги прекинале нападите во Чеченија, а Басаев и одредот ги пуштиле заложниците и побегнале во Чеченија.

По една година герилска борба Басаев и другите чеченски команданти го освоиле Грозни од руската армија во август 1996 година, по што руските сили се повлекле од Чеченија. Чеченија привремено функционира како независна држава. Во 1999 година Басаев извршил упад во соседната руска република Дагестан. Истата година во Москва и во други руски градови дошло до серија координирани напади врз станбени згради, во кои загинале околу 300 лица, за кои Басаев не ја презел одговорноста. Потоа руската армија повторно ја нападнала Чеченија и за неколку месеци повторно го зазела Грозни, а чеченските одреди се повлекле на југ. Басаев загубил стапало во 2000 година, а истата година бил убиен татко му. Во 2002 година тој го организирал нападот врз театрот во Москва, каде што група од 42 чеченски исламисти, мажи и жени, грабнале 900 заложници. Руските специјалци по два и пол дена испуштиле гас во зградата за да ги успијат терористите, кои шетале со самоубиствени појаси. Сите терористи загинале, но и 130 заложници умреле од дејство на гасот.

Во 2004 година Басаев ја презел одговорноста за дотогаш најморничавиот напад. На 1 септември, првиот ден на учебната година, група од 32 исламисти нападнале и зазеле едно училиште во градот Беслан и зеле над 1.000 деца и родители како заложници. По три дена преговори со полицијата, при што заложниците биле оставени без храна и вода, терористите активираале експлозив, по што полицијата нападнала. Вкупно 344 заложници, од кои 186 деца, биле убиени. Последен поголем напад на Басаев било убиството на Ахмад Кадиров, претседател на Чеченија поставен од руските власти, извршен на 9 мај 2004 година, додека го прославувал денот на победата над фашизмот.

На 10 јули 2006 година, Шамил Басаев бил убиен при операција на руските специјални сили во јужната руска автономна Република Ингушетија, која граничи со Чеченија, додека заедно со своите соработници се подготвувал за нов терористички напад. Според раководителот на руската Федерална служба за безбедност ФСБ, Николај Патрушев, Басаев сакал да изврши политички притисок врз руските власти за време на средбата на Г-8 што требало да се одржи во Русија кон крајот на неделата пред да биде убиен. Според чеченскиот вицепремиер Башир Аушев, Басаев загинал при експлозија на камион натоварен со оружје. Басаев се наоѓал во возило што го придружувало камионот од типот Камаз, кој превезувал оружје и експлозив. При експлозијата на камионот, покрај Басаев, загинале уште четворица негови соработници. Експлозијата била толку силна што ги уништила возилата кои го придружувале камионот ги разнела телата на жртвите.

                                     
  • Чеченија, Арабија и Турција. Главни водачи на бригадата биле Ибн ал - Катаб и Шамил Басаев Зеле учество во Дагестанската инвазија, и во голем број на терористички
  • криза настанала откако група терористи од околу 8 до 20 луѓе на чело со Шамил Басаев зеле под своја контрола повеќе од 1600 заложници во болницата во јужниот
  • август 1999 година кога чеченските сепаратистички групи предводени од Шамил Басаев и Ибн ал - Катаб упаднале во соседен Дагестан давајќи поддршка на дагестанското
  • Авганистан, каде се наоѓал под контрола на Осама бин Ладен. Во 1994 година, Шамил Басаев пристигнал во Авганистан за преговањање околу идната обука на чеченските
  • Јузик ја скова фразата невести на Алах за да се опише процесот со кој Шамил Басаев командант во паравојската Бригада на маченици регрутира чеченки.
  • Неговиот брат е Ханпаши Кулаев, телохранител на чеченскиот терорист Шамил Басаев кој исто така учествувал во нападот над училиштето. На денот на нападот
  • скршена. Во текот на 1999 група муслимански фундаменталисти предводени од Шамил Басаев се побуни против Русија. Во тек на побуната имаше стотици мртви борци

Users also searched:

...