Топ-100
Back

ⓘ Како да се стане велемајстор е шаховска книга, дело на познатиот советски шахист Александар Котов. Книгата е издадена посмртно во 1985. Ова дело е едно од првит ..




Како да се стане велемајстор
                                     

ⓘ Како да се стане велемајстор

Како да се стане велемајстор е шаховска книга, дело на познатиот советски шахист Александар Котов. Книгата е издадена посмртно во 1985. Ова дело е едно од првите, кое се насочува кон испитување на методите на решавање на проблемите на шаховската табла. Во неа, тој преку детални објаснувања на сите значајни елементи и принципи на шаховската игра, поткрепени со извадоци од велемајсторски партии се обидува да го запознае читателот со најзначајните работи, што еден "велемајстор" мора да ги знае. Книгата е напишана на руски јазик.

                                     

1. Содржина

Ова дело содржи анализа и објаснување на најзначајните проблеми, кои се јавуваат во шаховската игра. Особено е обрнато внимание на чувството за обработка на позицијата, критериуми за оценка на позицијата и пронаоѓање на планот за игра, методи за подготовки, проблеми кои се јавуваат при пресметка на варијантите, развибвање на чувството за опасност, подобрување на играта во отворањето и завршницата и др. Анализата на овие елементи е поделена во посебни делови од книгата, а во неа се дадени и проблеми со соодветни решенија.

                                     

2. Стил на пишување

Делото "Како да се стане велемајстор" претставува шаховски учебник, кој им се препорачува на поискусните шахисти, а стилот на кој книгата е напишана е на повисоко ниво. Сепак, интензивните анализи и објаснување не се објаснети со употреба на многу стручни термини, па лесниот јазик овозможува, секој кој има познавања од шаховската игра, лесно да се снајде во ова дело. Одличниот распоред на елементите во содржината го потврдуваат високото милслење за ова одлично шаховско дело.