Топ-100
Back

ⓘ Димитар Кондовски - сликар, сценограф, дизајнер, дописен член на МАНУ, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Има особено значење за развитокот ..




Димитар Кондовски
                                     

ⓘ Димитар Кондовски

Димитар Кондовски - сликар, сценограф, дизајнер, дописен член на МАНУ, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Има особено значење за развитокот на македонското современо сликарство во шеесеттите години. Завршил Академија за ликовни уметности во Белград. Бил член на групите "Денес" и "Мугри". Се занимавал со сликарство, илустрација, сценографија, графика, пишувал критика. Професор бил на Педагошката академија во Скопје.

Самостојно изложувал од 1957 г. во Скопје, Загреб, Рим, Тетово, Прибој на Лим, Њујорк итн. Изложувал на многу групни изложби во земјата и во странство меѓу кои во: Белград, Александрија, Сан Марино, Сао Паоло, Рим, Шел, Париз, Кан, Сир-Мер и итн.

Димитар Кондовски најдоследно го остварил во своите дела стремежот кон синтезата на внимателно одбрани секвенци од духовно-естетскиот и пластичен репертоар на средновековната уметност и оние облици на нонфигуративна и асоцијативна уметност, што на тоа традиционалистичко ткиво можеа да му овозможат современа ликовна кохезија. За Кондонски ова сликарство: изведено како сложени асамблажи композитни, деликатни колористични и формални структури е сублимен степен на долготрајна денатурализација на разновидни визуелни податоци и естетско "филтрирање" на ликовниот јазик, со цел уметничкото дело да стане автономен естетски феномен. Тоа се состави што потсетуваат на култни, сакрални објекти: низ нив постојано се провлекува едно современо чувство на уметникот, неговата внатрешна потреба, духовниот ритуал и естетиката на овие дела да се вклопи во актуелното ликовно движење, во медитативно и скептично сфаќање на светот.

Автор е на монументален сликарски објект во Железарницата во Скопје 1967 г. Награден е на 8 Медитеранско Биенале 1963 г., 3 Триенале во Белград, со Октомвриска награда за сликарство во 1964 г. и др.

                                     
  • Зима слика од Димитар Кондовски Сликата е масло на платно, завршена во 1959 година со димензии 100 х 78 см и се наоѓа во Народниот музеј во Битола
  • Силјаноски Вера Циривири - Трена Дамјан Симитчиев Димитар Гешоски Димитар Кондовски Димитар Стојанов - Мире Димитар Талев Жарко Башески Коста Црнушанов Крсте
  • обликување било дело на Александар Цветкоски. Рецензенти на книгата била: Димитар Кондовски Зоран Ѓуровски и Лилјана Самарџиска. Улица - врвулица, Детска радост
  • 1875 - 1932 Кераца Висулчева 1911 - 2004 Ѓорѓи Зографски 1871 - 1945 Димитар Кондовски 1927 - 1993 Вангел Коџоман 1904 - 1994 Спасе Куновски 1929 - 1978
  • Холандија, Франција и Босна и Херцеговина. Таа е добитник на наградата Димитар Кондовски за сликарство за 2010 година. Во нејзиното творештво преовладува модното
  • Основно училиште Димитар Влахов официјално: Основно општинско училиште Димитар Влахов - Љубојно скратено: ООУ Димитар Влахов - единствено основно
  • гимназија. Виша ликовна академија завршил во Скопје во класата на проф. Димитар Кондовски а се дообразовал во Приштина. Бил познат и признат уметник, како
  • страници. Автор на корицата и на ликовните илустрации во книгата е Димитар Кондовски Книгата не е библиотечно каталогизирана и не го содржи меѓународниот
  • карикатурист Ана Јовановска - графичарка Кирил Караџа - сликар Димитар Кондовски - сликар Рубенс Корубин - сликар Димче Коцо - таписерист Маринчо Коцалев
  • со сценографија се занимавале: Томо Владимирски, Бранко.Костовски, Димитар Кондовски Владимир Георгиевски, П. Минов, Менде Ивановски, Васко Ташковски
  • Лазарова, а нацртот на корицата и илустрациите во книгата се дело на Димитар Кондовски Во книгата се застапени два подолги прозни текста: новелата Јаболкница

Users also searched:

...
...
...