Топ-100
Back

ⓘ Шикоку е најмалиот и најненаселениот од четирите главни острови во Јапонија. Неговите антички имиња биле Iyo-no-futana-shima, Iyo-shima, и Futana-shima. Денешно ..




Шикоку
                                     

ⓘ Шикоку

Шикоку е најмалиот и најненаселениот од четирите главни острови во Јапонија. Неговите антички имиња биле Iyo-no-futana-shima, Iyo-shima, и Futana-shima. Денешното име се однесува на четирите провинции од кои се состои островот: Ава, Ијо, Сануки и Тоса.

Островот Шикоку, заедно со неговите околни островчиња зафаќа околу 18.800 км 2 и се состои од четири општини: Ехиме, Кагава, Кочи и Токушима. Тој е поврзан со Хоншу преку воден и воздушен пат, а од 1988 година - со мрежата на мостови Голем Сето Мост. Пред изградбата на мостовите, Шикоку беше изолиран од останатиот дел на Јапонија.