Топ-100
Back

ⓘ Маркетинг ..




                                               

Маркетинг

Маркетинг или опазарување - најширок третман во економската литература наоѓа како деловна политика на претпријатието, но не како класичен систем, туку како посебен вид деловна политика. Традиционално, "маркетинг" е поим што се "лепи" на процесот на поврзување на производителите на еден производ или услуга со потрошувачите - и постоечките и потенцијалните. Методите на маркетингот влечат корени од општествените науки, особено од психологијата, социологијата и економијата. Преку рекламирањето, маркетингот, исто така, е поврзан и со креативните уметности. Маркетинг е процесот кој се користи за ...

                                               

Вирален маркетинг

Вирусен маркетинг е техника на рекламирање која ги искористува постоечките социјални мрежи за да предизвика експоненцијални зголемувања за свесноста на брендот, преку вирусни процеси кои налекуваат на ширење на епидемија. При тоа, преносот на информации е многу брз и со широк опсег, преку лични контакти зајакнати со употребата на интернет. Овој вид маркетинг е доста прифатлив за компаниите од причина што е доста поефтин од останатите конвенционални начини на рекламирање. Често се случува вирусна кампања да биде започната од луѓе надвор од компанијата чијшто производ или услуга се промовира.

                                               

Дигитален маркетинг

Дигитален маркетинг - маркетинг на производи или услуги кои користат дигитални технологии, главно на интернет, но исто така и мобилни телефони, медиумска реклама и било кој друг дигитален медиум. Дигиталниот маркетинг развој од 1990-тите и 2000-тите години го смени начинот на кој брендовите и бизнисите користат технологија за маркетинг. Како што дигиталните платформи се повеќе се инкорпорираат во маркетинг плановите и секојдневниот живот, и како што луѓето користат дигитални уреди наместо да посетуваат физички продавници, дигиталните маркетинг кампањи стануваат се поприсутни и поефикасни. ...

                                               

Директен маркетинг

Директниот маркетинг најчесто се дефинира како "Испраќање на промотивни материјали по пошта или телефон до поединечни домаќинства или претпријатија" или "испраќање на промотивни пораки директно до потрошувачите, наместо тоа да се прави преку некој масовен медиум, вклучувајќи ги тука методите како директно испраќање на пошта" или" телемаркетинг ". Директниот маркетинг ги опфаќа и сите оние активности кои се поврзани со непосредна продажба на производите на производителот до потрошувачот без користење на посредници, заради што може и да се нарече и маркетинг на директна продажба. Компаниите ...

                                               

Директен мејлинг

Директен мејлинг/пошта претставува реклама упатена лично на потрошувачите преку пошта. Може да биде персонализирана и таргетирана со голема точност и резултатите се подложни на прецизни мерења. Маркетингот по пат на доставување на производите по пошта вклучува испраќање на писма, реклами, примероци, летоци и други" продавачи со крилја” кои им се испраќаат на потенцијалните клиенти, кои се наоѓаат во имениците. Имениците се развиваат од листите на клиенти или се добиваат од центрите кои обезбедуваат имиња на луѓе кои одговаратт на речиси секаков опис- супербогати, ветеринари, сопственици на ...

                                               

Дистрибуција

Дистрибуцијата е еден од четирите аспекти на маркетингот. Дистрибутер е посредник помеѓу производителот и продавачот. Откако производот ќе биде произведен во повеќето случаи тој се пренесува до дистрибутерот. Дистрибутерот потоа го продава производот на продавачите или купувачите. Останатите три дела од маректиншкиот микс се менаџмент на производи, цена и промоција.

                                               

Врамен телемаркетинг

Урамен повик е сличен на инервју со инструкции, каде повикувачот има неколку теми кои треба да бидат покриени но стилот и редот со кој им се пристапува на темите е безначаен.

                                               

Надворешни и внатрешни повици (маркетинг)

Надворешни повици настануваат кога организацијата ги контактира директно купувачите, мотивирајќи ги да купат побргу, барајќи од нив да дадат информации за истражување или да ги заинтересира за производот или услугата така што тие се спремни да купат или да примат повик во иднина или лична посета. Внатрешни повици се оние кои ги прима организацијата како одговор на реклами за директна реакција, кои на пример користат 0345 или 0800 броеви.

                                               

Персонализиран телемаркетинг

Персонализираниот повик е телефонска верзија на презентација на направена при лична продажба. Преземена од професионално тренирани повикувачи, разговорот се води спрема потребите на потенцијалниот купувач, а не спрема оние на повикувачот.

                                               

Снимен телемаркетинг

Снимениот повик настанува кога повикувачот следи подготвено сценарио, често без вклучување на примачот. Истиот снимен повик е презентиран на сите кои се наоѓаат во листата, без разлика на потребите и знаењето за производот. Овој пристап кој е повеќе суров може да биде софистициран, со тоа што комјутерски софтвер подготвува снимка која се разгранува, како во дрво на одлучување, за да одговори на различните прашања на различните потенцијални купувачи.