Топ-100
Back

ⓘ Борисово се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во подгорскиот дел на планината Беласица. Од најблискиот град Струмица е одалечен 21 километри. ..




Борисово
                                     

ⓘ Борисово

Борисово се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во подгорскиот дел на планината Беласица. Од најблискиот град Струмица е одалечен 21 километри.

Борисово се наоѓа на надморска височина од 325 метри.

                                     

1. Историја

Се смета дека селото го добило името според некој Борис, споменуван како основач на населбата. Првпат селото се спомнува во повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Дејановиќ и нивната мајка Евдокија од 1376 и 1377 година, кога е подарено на светогорскиот манастир "Свети Пантелејмон". Според струмичкиот митрополит Герасим Струмички втора половина на XIX век, над селото Борисово постоела кула од Самуиловиот период, која подоцна била уништена.

Југославија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион, додека по крајот на Втората светска војна, во рамките на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Ново Село.

                                     

2. Демографија

Во текот на XIX век селото било населено со Турци. Во "Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника" се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 60 семејства со 337 Македонци и 21 Турчин

Според статистиката на Васил К’нчов "Македонија. Етнографија и статистика" во 1900 година селото имало 800 жители Турци.

Според Димитар Гаџанов во 1916 година, во селото живееле 300 Турци, а остатокот биле Македонци.

По Балканските војни 1913 год., Турците полека започнале да се иселуваат, а селото го населиле бегалци од Егејска Македонија и жители од Стиник, Барбарево, Бајково и Бадилен.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 409 жители. Следува табела на националната структура на населението

                                     

3. Самоуправа и политика

Изборно место

Во селото постои изборното место бр. 1776 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 373 гласачи.

                                     

4. Културни и природни знаменитости

Селото е познато по својата Боришка Борисовска Река, позната по своите мали водопади. Порано имало 12 воденици покрај реката, но денес не функционира ниту една. Сепак, некои од нив може и денес и да се видат. На реката е формирана и Борисовската брана, длабока 8 метри. Таа сепак не зафаќа голема површина и месните жители ја користат за риболов. Во селото постојат две земјоделски аптеки, но нема училиште, па децата до четврто одделение го посетуваат училиштето во Мокриево, а потоа училиштето "Видое Подгорец" во Колешино. Во селото забележлива е и една стара чешма, веќе пресушена, а и неколку јавори, стари стотици години. Непосредно до еден таков јавор се наоѓаат остатоци од минарето на една од двете некогашни џамии, како сведоштво дека овде некогаш живеело турско население.

                                     
  • Кирил и Методиј - македонска православна црква која се наоѓа во селото Борисово Општина Ново Село. Црквата започнала да се гради во 1978 година, а била
  • Општината опфаќа 16 населени места, и тоа: Бадолен, Бајково, Барбарево, Борисово Дражево, Зубово, Колешино, Мокриево, Мокрино, Ново Коњарево, Ново Село
  • Сандрово, Семерџиево, Тетово, Хотанца, Червена Вода, Јастребово Бабово, Борисово Бршлен, Голјамо Враново, Кошарна, Малко Враново, Рјахово, Сливо Поле
  • Мамарчево, Оман, Попово, Ружица, Ситово, Стефан Караџово, Странџа, Шарково Борисово Бојаново, В лча Полјана, Голјам Дервент, Гранитово, Добрич, Елхово, Жребино
  • расположени селата: Старо Коњарево, Дражево, Смолари, Мокрино, Мокриево, Борисово Колешино, Габрово, Банско, Свидовица и Куклиш. Енциклопедия Пирински край
  • обележаната планинарска патека која води од викенд - населбата Мала Река Борисово до врвот Лисец, маркирана во рамки на планинарскиот предизвик 12 врвови

Users also searched:

...