Топ-100
Back

ⓘ Нивичани е македонско село. Родови во селото се: Орашци 7 к. најстар род во селото, можеби се староседелци; Ралевци 10 к. и Терзици 8 к. порано биле еден род, д ..




Нивичани
                                     

ⓘ Нивичани

Нивичани е македонско село.

Родови во селото се: Орашци 7 к. најстар род во селото, можеби се староседелци; Ралевци 10 к. и Терзици 8 к. порано биле еден род, доселени се од некое село во Скопско, го знаат следното родословие: Стојко жив на 56 г. крајот на 50-тите Атанас-Јосиф-Трајчо, се доселил неговиот дедо; Парастаци 11 к. потеклото им е од Саса кај Македонска Каменица; Огњановци 5 к., Деповци 4 к., Џирговци 2 к. и Миленковци 1 к. за нивното место на старина не се знае, родовите Деповци и Миленковци порано имале многу повеќе куќи, но се расипале; Прдлевци 5 к. доселени се од некое село крај Вардар, затоа порано ги викале Вардарци, го знаат следното родословие: Тодор жив на 41 г. крајот на 1950-тите Спиро-Стојмен-Сребрен-Велко, кој се доселил; Шоповци 4 к. доселени се од селото Пашаџиково во 1910 година.

                                     

1. Самоуправа и политика

Изборно место

Во селото постои изборното место бр. 870 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 248 гласачи.

                                     

2. Иселеништво

Од ова село највеќе иселеници има во Кочани. Таму се иселиле преку 20 семејства. Некои се иселени во Кочани уште од 1905 година.

До 1959 година 3 семејства се иселиле во Скопје, а 2 семејства се иселиле во Белград.

Иселеници исто така има и во некои пониски кочански села, како Долни Подлог Митеви и Доневи, Бања Парастаци. Во Мојанци е иселено 1 семејство. А исто така и во Облешево.

                                     
  • Дамјаница - археолошко наоѓалиште во кочанското село Нивичани Наоѓалиштето претставува населба од неолитско време. На 3 км југоисточно од селото, покрај
  • Градиште - археолошко наоѓалиште во кочанското село Нивичани Наоѓалиштето претставува населба од градиште од доцноантичкото време. На северниот раб на
  • Митров Дол - археолошко наоѓалиште во кочанското село Нивичани Наоѓалиштето претставува некропола од Доцната антика. Во непосредната близина на селото
  • Ѓурова Ливада - археолошко наоѓалиште во кочанското село Нивичани Наоѓалиштето претставува населба од Доцната антика. Високо во планинскиот предел, под
  • Во Селото - археолошко наоѓалиште во кочанското село Нивичани Наоѓалиштето претставува населба од доцноантичко време. На просторот на селото, речиси во
  • комитети во следните села: Дабиље, Муртино, Робово, Варварица, Вељуса, Нивичани Василево, Моноспитово, Ново Село, Куклиш, Костурино и Попчево Во април
  • потекло од Кратовско. Вторите се од селото Уларци. А третите од селото Нивичани Дедо - Савеви 5 к. Дедо Данилови 3 к. Данилови 3 к. и Јаневи 2
  • седиште во селото Спанчево. Кон парохијата гравитираат селата: Бања, Бели, Нивичани Пантелеј и Рајчани. Postolovski, Goran 2013 Historical Aspect of Bregalnitza
  • Пантелеј. Белчани 1 к. доселени се од селото Бели. Нивичани 1 к. доселени се од селото Нивичани Од околината на Крива Паланка се доселиле 26 домаќинства
  • к. доселени во 1829 г. Долно Дупени: Гинчевци, Секуловци и Трајковци, Нивичани 4 к. доселени во 1918 г. Подмочани, Ресенско: Ристевци 1 к. Милевци
  • досени се од раселеното село Десовица коешто се наоѓало помеѓу селата Нивичани и Бања Ефтимовци 3 к. кои се доселени од селото Спанчево Белевци 6
  • води кон средишниот дел на селото понатаму продолжува до повисоките села Нивичани Пантелеј и Рајчани. Селото се наоѓа на надморска височина од 370 м. Селскиот

Users also searched:

...