Топ-100
Back

ⓘ Кензо Танге - јапонски архитект и добитник на Прицкеровата награда во 1987 година. Со примената на елементи од современата архитектура во комбинација со традици ..




Кензо Танге
                                     

ⓘ Кензо Танге

Кензо Танге - јапонски архитект и добитник на Прицкеровата награда во 1987 година. Со примената на елементи од современата архитектура во комбинација со традиционалната јапонска архитектура, тој конструирал градби на пет континенти и се смета за еден од најдобрите архитекти на 20. век.

На почетокот од својата кариера, Танге бил под влијание на Ле Корбизје, а првата слава ја стекнал во 1949 година кога победил на конкурсот за изработка на планот за градот Хирошима, во чиишто рамки го конструирал Меморијалниот парк на мирот. Во 1950-тите години, како член на групата архитекти позната како Тим 10, тој се стремел кон движењето, коешто подоцна било наречено метаболистичко движење. Кон крајот на 1950-тите, Танге бил и еден од основоположниците на архитектонскиот струкутрализам.

Во подоцнежните години, Танге работел и на развојот на урбанизмот. Покрај изработката на планот за обнова на Хироима, познат е и по изработката на урбанистичките планови за Токио и Скопје.

                                     

1. Животопис

Кензо Танге е роден во 1913 година во Сакај, Осака, Јапонија. Детството го поминал во градот Имбару на островот Шикоку. Во 1935 година се запишал на факултетот за архитектура на токискиот универзитет, за тоа бил поттикнат од средбата со швајцарскиот архитект Ле Корбизје. Во 1946 година станал вонреден професор на универзитетот и отворил својата лабораторија.

Првиот позначаен проект, кој го добил бил проектот за обнова на разурнатата Хирошима, кој го добил победувајќи на конкурсот во 1949 година. Најзначаен дел одпроектот била изградбата на Меморијалниот парк на мирот. Во тој период, Танге главно работел на обнова на разрушената Јапонија, како последица на Втората светска војна.

Во првата половина на 1950-тите Танге, главно работел на обновувањето на Хирошима и во своите проекции во духот на традиционалната јапонска архитектура, се обидувал да воведе елементи карактеристични за современата архитектура. Кон крајот на 1950-тите, кратко бил член на Тимот 10, којшто претставувал група на архитекти, чијашто цел била унапредување на урбанизмот и изработка на современи урбанистички планови.

Во 1959 година, Танге докторирал, со труд на тема "Просторна структура во велеград", со што се стекнал со звањето диплом-инженер. Две години подоцна отворил архитектонско биро, насловено Kenzo Tange + Urtec, кое подоцна го преименувал во Kenzo Tange Associate.

Следниот голем проект на којшто работел бил "План за Токио 1960". Проектот стекнал светска слава, а со него ја промовирал идејата за проширување на милионската метропола. Во 1964 година бил изграден Олимпискиот центар Јојоги во Токио наменет за летните олимписки игри, кои истата година се одржале во Токио. Во 1965 била изградена и црквата Света Марија, чијшто план го изработил две години порано.

Во периодот од 1963 до 1974 година, работел како професор на токисикиот универзитет. Бил одличен предавач, па често бил повикуван да одржи предавање и на други светски познати универзитети.

Во 1965 година, Танге бил замолен да го изработи урбанистичкиот план на градот Скопје, кој по земјотресот во 1963 година бил 65% разрушен. Танге се согласил да го изработи планот и добил 60% од средствата предвидени за обновата, додека останатите 40% биле доделени на архитектонскиот тим од СФР Југославија, којшто соучествувал во обновата. Планот за обнова кој го изработил Танге бил налик на оној за Токио од 1960 година. За жал, планот бил само делумно исполнет, а од неговите конструкции биле изградени новата железничка станица и линијата на станбени згради во центарот на градот, познати како "градски ѕид".

Во 1967 година, бил ангажиран за изработката на урбанистичките планови за населбата Фиеро во Болоња, како и за населбата Либрино во Катанија, во која било планирано дека ќе живеат 60.000 жители. Како последица на тоа, дури и италијанскиот производител на машини за пишување, Olivetti, своето седиште во Токио им го доверил на јапонските архитекти за изработката на нивните планови.

Во пресрет на светската изложба во 1970 година, којашто се одржала во Осака, Танге го изработил планот, во чиишто рамки го констуирал павиљонот во кој се одржала изложбата.

Единствениот проект на којшто работел во САД било проширувањето на уметничкиот музеј во Минеаполис. Музејот бил изграден уште во 1911 година, а по проширувањето во 1975 година.

Појавата на постмодерната архитектура во 1980-тите не му се допаднала на Танге, кој сметал дека таа преотставува само "преодни архитектонски изрази."

Танге почина на 22 март 2005 година во Токио, по што беше погребан во црквата Света Марија.

                                     

2. Награди

За своите дела, Танге добил бројни награди меѓу кои се вбројуваат златниот медал РИБА, наградата АИА на француската академија, како и Прицкеровата награда во 1987 година. Прицкеровата нагарда ја добил за изградбата на Олимпискиот центар Јојоги во Токио, којшто бил опишан како:

"една од најубавите градби на 20. век."

                                     

3.1. Проекти Современи градби

  • 1986: Кулата OUB во Сингапур, висока 280 m, со 60 катови, а воедно и највисока градба во државата.
  • 1997: Музеј на азиска уметност во Ница.
  • 1991: Зграда на градската управа на Токио, градена во периодот од 1991 до 1993 година, висока 243 m, со што е највисоката зграда во Јапонија, а служи како управна зграда на префектурата.
  • 1955–1958: Управните згради на префектурата Кагава во Такамацу.
  • 1953–1954: Библиотеката на колеџот Цуда во Токио.
  • 1964–1965: Меѓународниот центар за кнференции во Кјото.
  • 1965: Црквата Света Марија во Токио.
  • 1994: Fuji TV во Токио и Centro Direzionale во Неапол.
  • 1964: Спортски зданија за Олимписките игри во Токио: Олимписки центар Јојоги.
  • 1959: Ратхаус во Имабари.
  • 1949–1956: Меморијален музеј на мирот во Хирошима.
                                     

3.2. Проекти Останати дела

  • 1967: Урбанистички план за населбата Фиера во Болоња.
  • 1960: Урбанистички план за Токио.
  • 1959: Урбанистички план за Бостон во соработка со студенти од МИТ
  • 1970: Урбанистички план за светската изложба во Осака, вклучувајќи го главниот павиљон.
  • 1965: Урбанистички план за Скопје.
  • 1976: Урбанистички план за планираниот главен град Абуџа.
                                     
  • земјотресот почнат е проект за голема преизградба на градот, чијшто автор е Кензо Танге јапонски архитект, но кој не е спроведен во целост. Истиот архитект
  • центарот на градот Скопје и е проектирана од познатиот јапонски архитект Кензо Танге после големиот земјотрес во Скопје, во 1963 година. Како составен дел
  • конкурс распишан од Обединетите нации. Предлогот на јапонскиот архитект Кензо Танге добива шеесет и пет проценти од првата награда и треба да биде разработен
  • соработник во тимот на полски планери и консултанти Полсервис, покрај Кензо Танге победникот на меѓународниот конкурс за реконструкција на Скопје на ОН
  • во Јужна и Средна Америка. Пота соработувал и со јапонскиот архитект Кензо Танге во изработка на Деталниот Урбанистички План за центарот на Скопје. Починал
  • Телекомуникацискиот центар претставува интегрален елемент на планот на Кензо Танге за постземјотресна обнова на центарот. Обновата на центарот на градот
  • граѓани. По земјотресот градот почнал да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица денес е Музеј на Град
  • Во Скопје постојат низа архитектонски дела од Прицкеровиот лауреат Кензо Танге А а Рош е роден во Ирска. Б б Пеј е роден во Кина. В в Гери е роден
  • Ричард Бакминстер Фулер САД 1967: Николаус Певснер 1966: Ове Аруп 1965: Кензо Танге Јапонија 1964: Едвин Максвел Фрај 1963: Лордот Холфорд 1962: Свен Готфрид
  • дел од дизајнот на зградите во градот е дело на јапонскиот архитект Кензо Танге На пописот од 2006 година, градот Абуџа имал население од 776.298, што
  • познатиот јапонски архитект Кензо Танге Тој го обиколува центарот на градот од десната страна на реката Вардар. Кензо Танге исто така проектирал уште многу
  • проектот, како и дел од урбанистичкиот план конципиран во проектот на Кензо Танге за обнова на Скопје по земјотресот. Обликувањето на надворешноста на