Топ-100
Back

ⓘ Дигитален јаз како израз за првпат е употребен од страна на д-р Сајмон Мурс во интервју за Дигитална инклузија. Дигиталниот јаз ја опишува социо-економската рас ..




Дигитален јаз
                                     

ⓘ Дигитален јаз

Дигитален јаз како израз за првпат е употребен од страна на д-р Сајмон Мурс во интервју за Дигитална инклузија. Дигиталниот јаз ја опишува социо-економската раслоеност на општеството во врска со пристапот до компјутерите и интернетот. Терминот исто така се однесува на достапноста на квалитетна корисна дигитална содржина за определена група на граѓани. Јазот е социјален и политички проблем.

Достапноста на компјутерите и интернетот се само дел од аспектите поврзани со оваа проблематика. Квалитетот и корисноста на функциите кои ги нуди ИКТ се исто така битен елемент при анализата на локалните состојби.

Корисниците не мора да поседуваат компјутер за да бидат е-граѓани. Јавните точки за интернет пристап - Е-точки, мобилните уреди, џебните компјутери се исто така можен начин за користење на е-услугите.

Дигиталниот јаз нема јасни граници во општеството и поделеност на две групи. Економската состојба, цената на опремата и интернет пристапот, образованието претставуваат само дел од причинителите на дигиталниот јаз. Светските искуства говорат дека освен либерализацијата на пазарот, образованието и квалитетните локални содржини неопходно е создавање на национални и локални е-услуги од страна на Владата, локалните самоуправи, банките и фирмите. Овие услуги го прошируваат квалитетно општествениот опсег на ИКТ.

                                     
  • Тунис. Една од неговите главни цели беше да се надмине т.н глобалниот дигитален јаз одвојувајќи ги богатите земји од сиромашните преку проширување на пристапот
  • Social Innovation Општествена иновација Нови медиуми Надминување на дигитален јаз Слободен софтвер Криејтив комонс Јавен домен Communia Отворен пристап
  • Дигитален речник на македонскиот јазик дигитален толковен речник на македонскиот јазик. Речникот е издаден од SAM97 GmbH. Дигиталниот речник во септември
  • зависно од тоа каде живеат. Село населба Куќа на село поседничка Дигитален јаз Фолклор Селанство Hart, John Fraiser. The Rural Landscape, ISBN 0 - 8018 - 5717 - 1
  • населението е критериум, индикатор на економскиот развој. Се зборува за дигитален јаз за големите диспаритети поврзани со географските зони или социо - економски

Users also searched:

дигитални ресурси на македонскиот јазик, македонски јазик,

...
...
...