Топ-100
Back

ⓘ Тропска клима е климата на тропските региони во светот. Според Кепеновата класификација, ова е неаридна клима каде во сите месеци од годината средната температу ..




Тропска клима
                                     

ⓘ Тропска клима

Тропска клима е климата на тропските региони во светот. Според Кепеновата класификација, ова е неаридна клима каде во сите месеци од годината средната температура изнесува над 18 °C. За разлика од вонтропските подрачја, каде има значајни разлики во должината на денот и температурата зависно од годишното време, тропската температура е помалку или повеќе иста во текот на годината, а најзначајна сезонска промена е присуството на врнежи.

                                     

1. Поттипови

Во рамките на тропскиот климатски појас постојат различни подрачја зависно од количеството на врнежи:

  • тропска монсунска клима Am: Овој топ на клима е најзастапен во Јужна и Средна Америка и е последица од монсунските ветришта кои го менуваат правецот зависно од сезоната. Оваа клима има најсув месец веднаш по "зимската" краткоденица на таа страна од екваторот со врнежи помали од 60 мм, но повеќе од 100 − Хаити
    • Дар ес Салам Танзанија
    • Лагос Нигерија
    • Нејплс САД
    • Дарвин, Австралија
    • Хонолулу Хаваи, САД
    • тропска екваторска клима Af: Ја карактеризираат дождовни шуми. Преку целата година просечното количество на врнежи е барем 60 мм. Вакви клими обично се среќаваат во рамките на 5–10° ГД од екваторот. Некои источни крајбрежни области, ваквиот појас може да достигне 25° од екваторот. Преку целата година преовладува тивки воздушни струења со низок притисок и затоа нема природни годишни времиња.

    Треба да се напомене дека постојат места во рамките на тропскиот појас кои немаат тропска клима: такви примери се пустината Сахара и планинските предели како на пр. планината Кенија