Топ-100
Back

ⓘ Мире Анастасов. Страшимир Анастасов - македонски комунист, учесник во Народноослободителната борба и затвореник на Голи Оток. Анастасов во 1927 година станува ч ..




Мире Анастасов
                                     

ⓘ Мире Анастасов

Страшимир Анастасов - македонски комунист, учесник во Народноослободителната борба и затвореник на Голи Оток.

Анастасов во 1927 година станува член на СКОЈ и раководител на СКОЈ во Куманово. Додека во 1928 е примен во членство на КПЈ. Од 1928 до 1932, студирал на Техничкиот факултет на Универзитетот во Гент, Белгија и во Гренобл, Франција. Во 1934 година, кога Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија е преместен во Куманово, Анастасов е избран за секретар на Покраинскиот комитет. Во 1935 година, како делегат од Македонија, учествува на Сплитскиот пленум на ЦК КПЈ.

По провалата на Земското биро на КПЈ во Загреб, во 1929 година доаѓа до провала и во партиската организација во Македонија, а меѓу уапсените и затворените е и Анастасов. Повторно е затворен во 1934-1935 година. Казната од три години затвор 1936-1939 ја издржува во Сремска Митровица, кога бил и исклучен од КПЈ. По излегувањето од затвор се вклучува во активностите на КПЈ, иако привремено е отстранет поради ставот во врска со ликвидирањето на фракцијата на Петко Милетиќ.

За време на окупацијата на Македонија во Втората светска војна, по иницијатива на Павел Шатев се сели во Софија каде е вклучен во разузнавачките активности на советската разузнавачка служба. Во 1943 неговата група е разоткриена од бугарската власт, а Анастасов е осуден на смрт. Сепак, казната му е заменета со доживотна казна затвор. Затворот го издржувал во Софија, Пазарџик и Ќустендил.

Ослободен е по превратот во Бугарија во септември 1944 година и станува политички комесар на бригадата "Гоце Делчев".

По своето враќање на Македонија, Анастасов на 27 октомври 1944 е кооптиран за член на АСНОМ, а потоа зазема високи функции во власта повереник во Президиумот на АСНОМ, претседател на Врховниот суд. Во 1945 година е назначен за југословенски амбасадор во Белгија и Луксембург, на која должност ќе остане три години, до 1948 година, кога е отповикан од амбасадорската функција.

Иако отворено не ја напаѓа позицијата на КПЈ во спорот со Информбирото, Анастасов е деградиран до помошник министер во македонското министерство за труд. Учествува како делегат на Првиот конгрес на КПМ. Во 1949 е уапсен и е обвинет како информбировец, на пет години затвор, по што е испратен на Голи Оток, каде останува до 1954 година. Причината за неговото отстранување никогаш не била објавена, но веројатно е дека поради врските со советските разузнавачки служби, во годините на советско-југословенскиот судир е затворен од предострожност, без обвинение или судење - како и Павел Шатев.

                                     
  • Македонија. Командат на бригадата бил Пецо Трајков, а политички комесар Мире Анастасов Бригадата броела околу 4.600 борци и веднаш по формирањето батаљон
  • бригада Гоце Делчев октомври 1944 Софија Пецо Трајков, полковник Мире Анастасов Бригада Јане Сандански неоформена Пиринска Македонија Пецо Трајков

Users also searched:

...