Топ-100
Back

ⓘ Феникија била древна цивилизација која се протегала во тесен крајбрежен појас на Сирија, од реката Елевтерос на север, до Кармил на југ, се протегала 240 киломе ..




Феникија
                                     

ⓘ Феникија

Феникија била древна цивилизација која се протегала во тесен крајбрежен појас на Сирија, од реката Елевтерос на север, до Кармил на југ, се протегала 240 километри во должина и околу 20 километри во ширина. Феникијците, кои биле стар поморски трговски народ, владееле со Средоземното Море и создале повеќе независни градови-држави, кои понекогаш формирале сојузи под хегемонија на еден од нив. Денес, многу малку се знае за Феникијците. Пронајдени неколку нивни натписи. Тие не се нарекувале себеси Феникијци, туку Сидонци, по градот Сидон, еден од нивните два најважни градови, кој лежи на север од Тир. Кога Грците првпат дошле во контакт со овие морнари ги нарекле фоинои, кое значело, црвени како крв. Кога значењето на овој збор се изгубило, луѓето почнале да ги нарекуваат Феникијци поради таинствената птица Феникс, за која се кажувало дека живеела 500 години и се обновувала така што го палела гнездото и од пепелта на старата се појавувала нова птица.

                                     

1. Колонии

Феникијците основале колонии во сите делови на Средоземното Море. Кадис во Шпанија, Марсеј во Франција, како и голем број на градови во Сардинија и Корзика, и Картагина на северниот брег на Африка, тие сите биле феникиски колонии пред да им припаднат на Грците и Римјаните. Постои сигурен доказ дека Феникијците поминале низ столбовите на Херкул денешен Гибралтар, долго пред некој друг да се нафати на толку долг пат. Има исто толку сигурни докази дека тие стигнале до југот на Англиското копно, и таму разменувале медитеранска роба за калај од Корнвол.

                                     

2. Патувања

Се мисли дека тие отишле и во Балтикот. Балтичкото Море во античките времиња била вистинска ризница за секој трговец. Балтикот бил дом на некои смоли со кои римските дами си ја боеле косата.

Но, Феникијците не запреле со Балтикот. Херодот раскажувал за феникијска моранарица, која била изнајмена од египетскиот фараон Нехао II, за да ја обиколат цела Африка, така тие поминале покрај ’Ртот Добра Надеж дваесет века пред Васко де Гама. Можеби оваа приказна е вистинита, а можеби не е, но се знае дека Картагинците, кои биле феникиски колонисти, го истражиле западниот брег на Африка сè до ’ртот Бланко, 1500 милји јужно од Гибралтар, и основале повеќе трговски центри во таа област.

                                     

2.1. Патувања Феникиски бродови

Фениќаните тоа не би можеле да ги постигнат сите патувања, ако немале подобри бродови, кои не се движеле со помош на весла, туку со помош на едра.

Има многу малку информации за тоа како биле опремени феникиските бродови за време на овие патувања.

Изгледа дека Фениќаните знаеле и за сидрото. Со тоа капетанот на бродот можел да го остави бродот на било кое место на морето, ако времето било мирно, и доволно плитко за сидрото да може да го допре дното. Тие сѐ уште не знаеле за челичното, железното или бронзеното сидро. Наместо тоа, тие користеле тешки камења, и животински кожи кои биле полнети со камењата. Сѐ уште не знаеме како овие древни морнари можеле да донесат доволно храна и вода за толку долги патувања.

                                     

3. Трговија

Феникијците произведувале пурпурна боја со висок квалитет, со која ги боеле ткаенините, и себично ја чувале тајната за тоа како ја произведувале. Бојата се добивала од некои видови школки, а цената на фустаните обоени со оваа боја била толку висока што само најбогатите можеле да си ги дозволат.

                                     
  • посветена на св. Леонтиј, Христијански маченик од градот Триполи, област Феникија кој е убиен во времето на римскиот цар Веспазијан во 69 и 79 год. поради
  • Африка и Блискиот Исток. Ментухотеп II повторно испратил експедиции во Феникија за да добие кедар. Ментухотеп III испратил експедиција од Коптос кон југ
  • жива раскрсница за трговијата и за сообраќајот. На југоисток лежат Кипар, Феникија и Египет, на север Егејско Море и Црно Море, грчкото копно и островот Крит
  • зборовите: Слушни и дознај за ова чудо ако завршувало со изјавата: Цела Феникија Палестина и Сирија се ослободени од сараценскиот јарем и ја признаваат
  • примери се обредните садови, држачите за огледала од слонова коска од Феникија и корнизите од Стара Грција. Најпознати и најповторувани примери се шесте
  • издржува војската за време на зимскиуот период, а во неговите градови во Феникија веќе имало немири заради доаѓањето на Александар. Дариј бил принуден да
  • земја на пурпур Во 12 век п.н.е. се населува приморско население од Феникија грчки: пурпурна земја Доаѓа до судир на старото и новото население.
  • е., феникиските доселеници основале пристаниште на Ибица. Со падот на Феникија по асирските инвазии, Ибица била под контрола на Картагина, исто така поранешна
  • надворешните работи, Хетите постепено го прошириле своето влијание во Феникија и Kанан и станале голема сила во меѓународната политика - сила со која и
  • управуваат со сатрапиите: Птоломеј го добил Египет Лаомедон ја добил Сирија и Феникија Филота ја добил Киликија Пејтон ја добил Медија Антигон ја добил Фригија
  • управа на Древниот Египет, Ханан и Филестина, па преку Асирија, Вавилон, Феникија Арапите па сè до денешен Израел. На неколку километри источно од центарот

Users also searched:

...