Топ-100
Back

ⓘ Принсипе. Оваа статија е за остров во Африка. За останати значења, видете ја страницата за појаснување. Принсипе е најсеверниот и помал главен остров во држават ..




Принсипе
                                     

ⓘ Принсипе

Оваа статија е за остров во Африка. За останати значења, видете ја страницата за појаснување.

Принсипе е најсеверниот и помал главен остров во државата Сао Томе и Принсипе. Островот има вкупна површина од 136 километри квадратни и население од околу 5000 жители. Островот е од вулканско потекло и истиот е опколен од уште неколку помали острови, како што се Бом Бом, Каросо, Тињоса Гранде и Тињоса Пекена. Централните и северните делови на островот биле плантажи, основани за време на португалскиот колонијален период. На плантажите се одгледувало какао и шеќер и со тоа островот станал еден од најголемите производители на какао.

                                     

1. Населени места

Принсипе има само еден град, Санто Антонио и еден аеродром. Покрај градот, на островот има и одреден број села, меѓу кои Бела Виста, Бомбом, Футуро, Невес Фереира, Пасиенсија, Понта Фонте, Рибеира Изе, Санто Антонио де Урека и Вила Роса.

                                     

2. Надворешни врски

  • Бом Бом, Принсипе
  • Принсипе - Проект "Отворен директориум" англиски
  • Карта на Принсипе
  • Портал за Принсипе
  • São Tomé and Príncipe на Викимедииниот атлас