Топ-100
Back

ⓘ Јордан Цеков - Дане - македонски публицист, учесник во НОБ од 1941 година, командант на Третата македонска ударна бригада и пратеник во Собранието на Народна Ре ..




Јордан Цеков - Дане
                                     

ⓘ Јордан Цеков - Дане

Јордан Цеков - Дане - македонски публицист, учесник во НОБ од 1941 година, командант на Третата македонска ударна бригада и пратеник во Собранието на Народна Република Македонија. Носител е на "Партизанска споменица 1941" и други воени одликувања.

                                     

1. Рани години

Роден е во Куманово, во тогашното Кралство СХС, како трето дете на Денко и Вета Цекови. Член на СКОЈ од средината на 1938, на КПЈ и КПМ од февруари 1943 година.

Во септември 1941 е еден од организаторите на познатиот штрајк на учениците во Кумановската гимназија. Автор е на Резолуцијата со барања на учениците, која почнува со зборовите: "Ние синовите на македонскиот народ.". Поради тоа е уапсен од бугарската полиција, но поради недостиг на докази, по едномесечна тортура во затворите во Куманово и Скопје е ослободен кон крајот на октомври 1941. Во учебната 1942/43 година завршил гимназија и положил матура.

                                     

2. НОВ

Во јули и август 1941 година со Апостол Зордумис-Толи работи на партиска техника. Во септември 1941, со брат му Стојко и Панче Пешев прибира и засолнува оружје во семејната куќа во Куманово. Од вкупно 35 пушки кои партиските активисти ги прибраа во градот, 28 пушки и 2 пушко-митралези со 6 сандаци муниција, беа засолнети во куќата на Цекови. На 12 октомври 1941 вечерта, оружјето било изнесено и употребено за вооружување на партизаните на Козјачкиот и Карадачкиот партизански одред, чии две борби против бугарската војска во селата Белановце и Малотино на 12 и 17 октомври, заедно со акциите на партизаните на Прилеп и Скопје, го означија почетокот на анти-фашистичкото востание на македонскиот народ.

Во 1942 година, со Бојан Зафировски и Благоја Стефановски - Гојчо, е член на редакцијата на "Октобрис", весник на кумановската партиска организација, во кој објавува статии. Бил технички уредник на шест броја на весникот, кој е печатен во неговата куќа.

Во март 1943 година е член на Месниот комитет на КПМ на Куманово, а од 1 мај и секретар на МК на СКОЈ. Во јуни 1943 година, заедно со Панче Пешев и Христијан Тодоровски-Карпош, е организатор на јадрото од 11 партизани, кои на 26 јуни вечерта излегоа од градот и стапија во Вториот јужномораски партизански одред. Во јули јадрото се зголеми на 18 партизани и на 2 август 1943 се формира Кумановскиот партизански одред, под команда на Христијан Тодоровски-Карпош. Во НОВ е од 26 јули 1943 година. Бил назначуван на должностите: командир на чета во Кумановскиот партизански одред и Кумановскиот баталјон "Јордан Николов", командир на чета во III Македонска ударна бригада, командант на баталјон, заменик-командант на III Македонска ударна бригада, командант на XI Македонска бригада, а во септември 1944 е назначен за командант на III Македонска ударна бригада. На 25 април 1944 во борбата за ослободување на Кратово, тешко е ранет со огностерлно оружје во пределот на ’рбетниот столб. На 1 декември 1944 добива чин мајор.

Од јануари до декември 1945 завршува Виша артилериска школа во Ленинград, а потоа е назначен за командант на артилерија на пешадиска и тенковска дивизија.

                                     

3. Повоен период

Од 1951 до 1953 завршува Воена академија ЈНА во Белград, а потоа е назначен за командант на артилериски полк во Бјеловар. Пензиониран кон крајот на 1956 година во чин полковник.

Од април 1962 до септември 1967 е директор на Републичкиот фонд за научна работа, а од септември 1967 до јуни 1969 стручен соработник во Институтот за национална историја на Социјалистичка Република Македонија.

За пратеник е избран во првото свикување на Собранието на Народна Република Македонија од 1946 до 1950 година. Републички пратеник е и во II, IV, V и VII 1970-1974 свикување на Собранието. Во 1971 подносител е на амандманот за изградба на патот: с. Младо Нагоричино – с. Пелинце – манастир" Св. Прохор Пчињски" во должина од 23 км, што на 2 август 1974 е пуштен во употреба.

                                     

4. Предвремена пензија

Поради политички несогласувања со тогашната власт, во 1975 година е пензиониран на 54-годишна возраст. Член на Советот на Републиката. Во 1986 година, подносител е на барањето до IX Конгрес на СКМ за посмртна партиска рехабилитација на Панче Пешев, прва ваква иницијатива во Македонија и една од првите во поранешна СФРЈ.

На покана на Британската Кралска Легија на 13 ноември 2005 учествува на парадата на воените ветерани во Лондон.

                                     

5. Трудови

Автор е на 18 научни трудови и 122 статии објавени во весници и списанија. Со свои научни трудови учествувал на научни собири за Народноослободителната и антифашистичка војна во Велес, Куманово, Скопје, Битола и Кавадарци.

                                     

6. Надворешни врски

  • "Командантот Јордан Цеков – Дане се присети на првото излегување во партизани", "Кумановски муабети
  • "На германски ги убедував фашистите да се повлечат", "Вест"
  • "Македонски борец на парадата во Лондон", Би-би-си
  • Манастирот Св. Прохор Пчињски не беше избран случајно", "Утрински весник"
                                     
  • Кочо Попов и Лазар Соколов. Првото издание е печатено во куќата на Јордан Цеков - Дане Како што било испишано во самиот гласник, целта на весникот била:
  • 2009, 1643 стр. Јордан Цеков Дане Загинаа за слободата на Македонија Графотекс Куманово, 2001, 43 и 45 стр. Јордан Цеков Дане цит. дело, 45
  • Кумановската дивизија. Командниот состав на бригадата го сочинувале: Јордан Цеков - Дане командант од 27 август 1944 година Политички комесар бил: Перо Ивановски
  • револуционер и музичар Куманово, 1984. Јордан Цеков - Дане Панче Пешев: казна што обвинува Скопје, 2002. Јордан Цеков - Дане Панче Пешев - македонски Драјфус
  • Салтир Путински Формирање и акции на Козјачкиот партизански одред Јордан Цеков Дане Загинаа за слободата на Македонија Графотекс Куманово, 2001
  • Димитријевски: Македонската војска 1944 - 1945 Скопје, ИНИ, 1999 г. Јордан Цеков - Дане Благој Стевковски - Гојчо: прилози за биографија Скопје, 2006, 110
  • Официјално, извршил самоубиство. Сè уште не е познато каде бил закопан. Јордан Цеков - Дане Бојан Зафировски - Бојчо Скопје, 2006. Архива на Бојан Зафировски
  • август 1944 година Коста Бољановиќ - командант од март 1945 година Јордан Цеков - Дане Политички комесари биле: Кирил Михајловски - Груица - од 26 февруари