Топ-100
Back

ⓘ Свети Иполит Римски. Иполит Римски е христијански светец и еден од најистакнатите христијански писатели од Западна Европа од 3 век. Бил епископ и свештеномачени ..




Свети Иполит Римски
                                     

ⓘ Свети Иполит Римски

Иполит Римски е христијански светец и еден од најистакнатите христијански писатели од Западна Европа од 3 век. Бил епископ и свештеномаченик, ученик на Иринеј Лионски и последен римски отец кој зборувал грчки. Ги напишал "Одбивање на сите ереси" и "Апостолско предание".

Пострадал за верата во времето на римскиот цар Клаудиј. Кога во Рим девицата Хрисија била немилосрдно мачена, тогаш зад неа застанал пред мачителите Иполит ги изобличил мачителите. Заради тој протест и тој бил даден на суд, суден и oсуден на смрт по долготрајните измачувања.

Православната црква неговиот ден го чествува на 30 јануари.