Топ-100
Back

ⓘ Резолуција на Коминтерната од 1934 година за македонското прашање. Резолуцијата на Коминтерната од 1934 година за македонското прашање е службен политички докум ..




Резолуција на Коминтерната од 1934 година за македонското прашање
                                     

ⓘ Резолуција на Коминтерната од 1934 година за македонското прашање

Резолуцијата на Коминтерната од 1934 година за македонското прашање е службен политички документ, со кој за првпат во историјата влијателната меѓународна организација признала постоењето на македонска нација, македонска национална свест и македонски јазик.

                                     

1. Предуслови

Во јули 1923 година, ВМРО ги испратила Михаил Монев и Димитар Влахов во Москва на преговори со СССР и Коминтерната за поддршка на револуционерното движење во Македонија. Како резултат на овие прегови на 9 април 1924 во Виена претставниците на ВМРО, Петар Чаулев и Димитар Влахов, Соломон Голдштајн Черски преставник на СССР и Коминтерната, Никола Харлаков преставник на БКП и Филип Атанасов преставник на Македонската федеративна организација, потпишале декларација за соработка.

На 29 април 1924 година тројцата претставници на ЦК на ВМРО ја потпишале Декларација за обединувањето на македонското ослободително движење и присоединување на ВМРО кон балканксиот револуционерен фронт. На 30 април ЦК на ВМРО и ЦК на МФО го потпишале и Протокол за обединување на македонското револуционерно движење. Документите не требало да бидат објавени. Поради тоа ЦК на ВМРО решил преку манифест да објави за помирувањето во македонското револуционерно движење и принципите врз кое тоа е заосновано. Додека се уште се разгледувал конечниот текст на манифестот, Александров заминувал за Лондон, а во негово отсуство го заменувал со право на советодавен глас Димитар Влахов. На 6 мај 1924 година во Виена бил потпишан мајскиот манифест на ВМРО од Александар Протогеров и Петар Чаулев, кои биле овластени да ги водат преговорите и да ја претставуваат организацијата. По неговото потпишување било одлучено тој да биде објавен.

Меѓутоа повлекувањето на Тодор Александров и неговото убиство го спречиле изградувањето на единствениот македонски фронт. Меѓутоа набргу била формирана ВМРО Обединета. Таа била формирана врз основа на принципите на Мајскиот манифест на ВМРО, под влијание на Балканската комунистичка федерација и со поддршка на Коминтерната и македонските комунисти. Нејзе и се приклучиле членовите на Илинденската организација, на бившата Серска група, на бившиот Емигрантски комунистички сојуз, бившата Македонска федеративна организација и други групи. Незадоволни од прокомунистичката ориентација на раководството, една т.н национално - револуционерна група на членови: Михаил Герџиков, Георги Занков, Павел Шатев и др., безуспешно се обиделе да се издвојат во одделна организација Цариград, 1929. Постигнатото помирување со тие незадоволници останало само привидно.

Согласно своите интереси, Коминтерната продолжила да бара начини за придобивање на Македонците како сојузник. Во 20-тите години на 20 век, македонските дејци имале јасна цел и програма, Павел Шатев јасно истакнал:

Во јуни 1931 година техничкиот секретар на Коминтерната а Ото Куусинен во својот извештај за националното прашање пред Извршниот комитет ја наведува како главна слабост на секциите на Коминтерната, недостаток на оценка на националното прашање. Како жив пример на таква грешка Куусинен ја истакнува замената на слоганот за: правото на самоопределување на народите до одвојување со чисто пропагандисткиот слоган за Балканска федерација на работничко-селските републики итн. Куусинен ги повикува соодветните Комунистички партии да разговараат повторно за националното прашање со цел изработката на нова национална програма за секоја од партиите. Во меѓувреме, до балканските комунистички партии пристигнува директива за постепено напуштање на слоганот за Балканска федерација. На преден план се истакнува:

правото на народите на самоопределување до отцепување ".

Со оваа директива, на Македонците им се признава правото за самоопределување што било искористено од страна на членовите на ВМРО Обединета, да го постават прашањето за признавање на македонска нација. Учесникот во овие настани Михаил Сматракалев дели во 1947 година истакнува:

                                     

2. Прием

Со овие мотиви на крајот на 1933 година Балканскиот секретаријат на Коминтерната решава да постави за разгледување на еден од состаноците македонското прашање. По спомени на присутниот на седницата Димитар Влахов - член на КПБ и ВМРО об., таму е решено да се довери подготовката на резолуција за прашањето на двајца Полјаци кои немале поим од оваа проблематика. Со помош на Д. Влахов резолуцијата сепак била изготвена од 20 декември 1933 година до 7 јануари 1934 година и била одобрена од Политичкиот секретаријат на Коминтерната на 11 јануари 1934 година. Самата резолуција е усвоена од Извршниот комитет на Коминтерната во февруари 1934 година. Од Коминтерната одлуката за македонска нација се пренесува на ВМРО Обединета и во април 1934 година весник "Македонско дело" го објавило текстот на резолуцијата. Во документот меѓу другото се вели:

Македонските дејци, користејќи го правото на народите за самоопределување, започнуваат во весниците и литературата да го користат македонскиот јазик кој сè уште не бил кодифициран. Така Васил Ивановски ја напишал статијата Зошто ние Македонците сме посебна нација издадена во декември 1934. Во 1935 година ВМРО об. ги поставила темелите на весник" Македонски вести”, редактиран от Ангел Динев во Софиja. Во него се истакнува: Долу фалшивиот лозунг Македонски Бугари! Да живее нашата етнографскa идеja!" По забраната на ВМРО об. на иницијатива на Задграничното биро на КПБ во 1938 година бил формиран Македонскиот литературен кружок при редакцијата на весник "Македонски вести".

                                     

3. Резолуцијата и големобугарзимот

Резолуција на Коминтерната од 1934 година зазема едно од главните места во иделогјата на Иван Михајлов, неговите приврзаници и другите големобугарски кругови по Втората светска војна. По војната главна преокупација на Михајлов е целосно негирање на Македонската нација, меѓу другото тој истакнува: Маневрирање со "македонската нација", токму затоа е измислена од Белград, за да може преку оваа измама Македонија да остане во Југославија Вардарска Македонија. А потоа преку оваа лага да може да ја грабне Пиринска и јужна Македонија. Резолуцијата се користи како аргумент дека Македонската нација е вештачки создадена од страна на Коминтерната и Сталин. Истата дијалектика се користи од приврзаниците на ВМРО-БНД и Здружението "Радко".

                                     

4. Надворешни врски

  • The situation in Macedonia and the tasks of IMRO United "Makedonsko Delo", April 1934. Англиски
  • "Коминтерната и македонското национално прашање - 1931-1941 година" - Даниела Блажевска.
  • Југословенската комунистичка партија и Македонското прашање, 1919-1945, К Палешутски.Бугарски
  • The Resolution of the Comintern on the Macedonian Nation and the Macedonian Language 1934 Англиски
                                     
  • на Влахов сепак била изготвена Резолуција на Коминтерната од 1934 година за македонското прашање и таа била е одобрена од Политичкиот секретаријат на
  • крајот на 1933 година Балканскиот секретаријат на Коминтерната решил да стави на разгледување на един од своите состаноците Македонското прашање и во почетокот
  • иницијатива била прифатена резолуција на Коминтерната за македонското прашање Со неа за првпат во историјата било признаено постоењето на посебен македонски
  • организација на македонското ослободително движење. Прифаќањето на политиката на Коминтерната по македонското прашање значело прифаќање за создавање на Обединета
  • После општата резолуција на ВМРО Обединета и Коминтерната за признавање на македонската нација од 1934 година Васил Хаџи - Кимов ја напушта организацијата

Users also searched:

...