Топ-100
Back

ⓘ Географија на Науру. Географијата на Науру ги опфаќа географските, релјефните и демографските карактеристики на државата. Науру е островска држава, составена са ..




Географија на Науру
                                     

ⓘ Географија на Науру

Географијата на Науру ги опфаќа географските, релјефните и демографските карактеристики на државата. Науру е островска држава, составена само од еден остров, кој се наоѓа во Тихиот Океан. Науру нема копнена граница со друга држава, но по морски пат се граничи со Микронезија на север, со Кирибати на исток, Папуа Нова Гвинеја на запад и со Соломоните на југ. Островот се наоѓа 53 км јужно од екваторот со географски координати 0°32′S 166°55′E. Науру е еден од трите острови богати со фосфат, другите два се Банаба и Макатеја. Според проценките за 2007 година во Науру живееле 9.275 жители. Науру нема главен град, но за таков се смета округот Јарен.

Науру има вкупна површина од21 километар квадратен и вкупната должина на брегот е 30 км. Климата во државата е тропска, каде од ноември до февруари има влажна монсунска сезона. Највисоката точка на островот е 71 метар кој се наоѓа во централната фосфатна висорамнина. Единствената суровина од економска важност во државата е фосфатот, кој е создаден од депозити на гвано птичјо ѓубриво. Бидејќи островот е опколен од корален гребен, во Науру нема природни пристаништа, реки или големи езера. Морските територии на Науру се 370 км риболовна зона и 22 км територијална зона.

                                     

1. Природни непогоди

Осровот се соочува со периодични суши и ограничени колочини на природна свежа вода. Почвата на островот е со висок степен на фосфат, како и бакар, мангезиум, железо и цинк, и сето тоа не е погодно за растителниот свет. Поради 90 годишното ископување на фосфатот во државата, 90% од Науру е опустошена земја и тоа резултира со ограничени природни ресурси.

                                     

2. Крајни точки

Крајните точки на земјата се:

  • јужна точка – безимена точка во Мененг
  • западна точка - пристаништето во Аиво
  • највисока точка - Коменд Риџ 71 m
  • северна точка – Рт Ана
  • најниска точка - Тихи Океан
  • источна точка – Рт Иџув
                                     

3. Демографија

Островот има население од 9.265 жители, од кои 96% зборуваат наурски јазик. Претходно, населението било поголемо, но во 2006 околу 1500 луѓе се отселиле.

Службен јазик во Науру е наурскиот. Англискиот е широко застапен и претставува јазик на управата и трговијата.

Ертничкиот состав на Науру е: 58% се Наурци, 26% останати тихоокеански етнички групи, 8% Кинези и 8% Европејци. Сите Европејци се Британци. Најголема религија е христијанството.

Осврнувајќи се на медицинските проблеми на Науру, науруанците се најдебели луѓе во светот. Исто така населението има проблеми и со диабетес.