Топ-100
Back

ⓘ Ѓошо Викентиев - македонски првоборец од НОБ роден во Кочани и произлегува од занаетчиско семејство. По завршувањето на основното училиште во родниот град, од 1 ..




Ѓошо Викентиев
                                     

ⓘ Ѓошо Викентиев

Ѓошо Викентиев - македонски првоборец од НОБ роден во Кочани и произлегува од занаетчиско семејство. По завршувањето на основното училиште во родниот град, од 1934 до 1939 година образованието го продолжува во воено-техничкиот завод во Крагуевац. Откако го завршил школувањето, се вработил во Воениот завод во Крагуевац и таму работел до март 1941 година, кога се враќа во Кочани и се вработува како референт во тогашната кочанска општина.

Во НОВ стапил на 6 септември 1944 година, како борец на IV Македонска народноослободителна ударна бригада. Подоцна поминал во редовите на XIV Македонска младинска народноослободителна ударна бригада "Димитар Влахов" и учествувал во борбите против фашистичкиот окупатор што ги водела бригадата.

Загинал при нападот за ослободување на Кочани на 17 октомври 1944 година, како командант на чета во VIII Баталјон на XIV Македонска младинска народноослободителна ударна бригада.

Во спомен на неговата херојска смрт, СОУ "Ѓошо Викентиев" - Кочани од декември 1959 година го носи неговото име.

                                     
  • кандидати надвор од училиштето кои сакаат да положат возачки испит. Ѓошо Викентиев Портал за основните и средните училишта во Македонија Официјално мрежно
  • Сантов каде има и економски паралелки електро - машинското училиште Ѓошо Викентиев Од 1956 г. работи и основното музичко училиште Ристо Јуруков Од

Users also searched:

...