Топ-100
Back

ⓘ Правна норма. Под правна норма се подразбира правило за поведение на луѓето пропишан и санкциониран од страна на државата. Секоја правна норма е составена од тр ..




                                     

ⓘ Правна норма

Под правна норма се подразбира правило за поведение на луѓето пропишан и санкциониран од страна на државата. Секоја правна норма е составена од три елементи:хипотеза, диспозиција и санкција. Хипотеза е оној дел од правната норма во кој се предвидени условите и околностите што треба да се исполнат за да може да се примени диспозицијата на правната норма. диспозиција е оној дел од правната норма во кој е пропишано самота правило на поведение.Овој дел од правната норма е суштествен.Тоа е дел за кој, всушност, постојат другите делови, т.е. хипотеза и санкцијата. санкцијата е оној дел од правната норма во кој се определени последиците, санкциите што би настапиле за субјектот поради непочитување на диспозицијата.

Со оглед на одделни нивни карактеристики правните норми може да се поделат на повеќе видови.Основна и најважна поделба на правните норми е поделбата на општи и поединечни правни норми. Општи правни норми се оние што се упатени на неограничен број субјекти, т.е. оние правни норми што е должен да ги почитува секој субјект кога ќе се најде во условите утврдемни во хипотезата на правната норма.Таква е на пример нормата: Секој е должен да плати данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон. Поединечни правни норми се оние што се упатени на точно определен субјект, т.е. оние чија диспозиција се однесува на еден субјект.Пример лицето М.Н. се обврзува да плати данок на имот во износ од 10.000 ден. Според содржината правните норми се делат на: императивни и диспозитивни. Императивни правни норми се оние правни норми во кои се дадени правила за поведение, по кои мора да постапи субјектот ако сака да предизвика одреден правен ефект, односно ако сака да избегне примена на соодветна санкција.Таква е на пр. Нормата од Уставот на РМ каде што се вели: Секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Диспозитини правни норми, им допуштаат на субјектите и друго поведение од она што е утврдено во диспозитивната норма.Имено, тие можат да го изберат поведението пропишано во диспозитивната правна норма или да изберат друго поведение. Што значи диспозитивните правни норми имаат супсидијарен карактер,т.е. се применуваат ако субјектите не одлучиле друго, односно не предвиделе ништо.

                                     
  • ништожна фраза, туку императивен принцип на дејствување и императивна правна норма Принципот на самоопределување е правно содржан во ставот 2. од членот
  • злосторствата за девијантно однесување кое ги крши постоечките норми види правна норма културните стандарди кои пропишуваат како нормално треба да се однесуваат
  • пр. Фламанскиот парламент. Зборот décret, буквално декрет е стара правна норма во Франција и упатува на извршни наредби што ги носи францускиот претседател
  • Правото. Дворкиновата теорија е интерпретативна. Он смета дека правната норма мора да има соодветна институционална поддршка. Најзначајниот критичар на
  • век сè до крајот на Втората светска војна, кога рангот на амбасадор стана норма Во меѓувреме, личности како германскиот канцелар Ото Фон Бизмарк беа обновени
  • Камерун емигрираат од државата поради тоа што платите се ниски, а работната норма е висока. Голем дел од медицинските сестри се невработени иако има голема
  • средината на XIV век да повиканите претставници на грофовиите и реоните станаа норма за сите парламенти. Еден од моментите кои ја одбележаа појавата на парламентот
  • расисички политики на вработување по отстапување во правец на културната норма На пример, во едно општество каде главно е застапена белата раса, да се