Топ-100
Back

ⓘ Универзитет Гоце Делчев. Универзитетот Гоце Делчев – Штип е државен универзитет, рангиран на второто место на листата на државни универзитети во државата. Како ..




Универзитет Гоце Делчев
                                     

ⓘ Универзитет "Гоце Делчев"

Универзитетот "Гоце Делчев" – Штип е државен универзитет, рангиран на второто место на листата на државни универзитети во државата. Како млада и енергична високообразовна институција која постојано ги следи интересите на младата популација, како и најновите светски економски, индустриски и технолошки трендови креира извонредни можности за високо образование. Дипломите на Универзитетот "Гоце Делчев" – Штип се меѓународно признати и се сигурна потврда за влез на домашниот и меѓународен пазар на трудот. Универзитетот "Гоце Делчев" – Штип интегрира 13 факултети, организирани во 3 универзитетски кампуси. Наставата се изведува во наставни центри кои се дисперзирани во 12 града во Македонија. 19.000 студенти веќе го препознаа Универзитетот "Гоце Делчев" – Штип, како одлична можност за својот академски раст.

                                     

1. Историјат

Универзитетот "Гоце Делчев" е основан од страна на Собранието на Република Македонија на 27 март 2007 г., кога се слави и патрониот празник на Универзитетот. Универзитетот "Гоце Делчев" е сместен во 12 македонски градови: Штип, Струмица, Кочани, Радовиш, Пробиштип, Виница, Свети Николе, Гевгелија, Кавадарци, Прилеп, Скопје и Берово. Првата конститутивна седница на Универзитетскиот сенат е одржана на 28.06.2007 г., во амфитеатарот на Педагошкиот факултет и Факултетот за рударство, геологија и политехника. Во присуство на државниот секретар за образование г. Перо Стојановски и дел од членовите на матичната комисија на Универзитетот "Гоце Делчев", претставници од студентите, професори и асистенти, како и граѓани на град Штип, Универзитетскиот сенат донесе едногласна одлука за избор на ректор на универзитетот да биде проф. д-р Саша Митрев редовен професор на Земјоделскиот факултет. Во 2015 г. е наследен од проф. д-р. Блажо Боев од Факултетот за природно-технички науки.

Во првата студиска година се запишаа 1.300 студенти на 7 факултети и една висока школа и тоа: Правен факултет, Економски факултет, Педагошки факултет денес преименуван во Факултет за образовни науки, Факултет за рударство геологија и политехника, Земјоделски факултет, Факултет за информатика, Факултет за музичка уметност и Висока здравствена школа. Од студиската година 2008/09 г., во состав на Универзитетот се и 6 шест нови факултети: Факултет за медицински науки, Филолошки факултет, Електротехнички факултет, Машински факултет, Технолошко-технички факултет и Факултет за туризам и бизнис логистика.

                                     

2. Организација и организациони единици

Универзитетот, согласно со Статутот Универзитетски гласник 09/2009, е највисока автономна јавна високообразовна, научна, односно уметничка установа, што го обезбедува единството во вршењето и развојот на високото образование, науката, уметноста и стручноста, и непосредно преку своите единици од различни студиски подрачја пренесува сознанија од повеќе научни, односно уметнички подрачја и дисциплини. Во неговиот состав влегуваат јавни факултети, т.е. единици кои вршат високообразовна и научноистражувачка дејност во сите степени на високото образование.

                                     

2.1. Организација и организациони единици Факултети

На Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип се организираат универзитетски стручни студии од прв, втор и трет циклус. Единици во состав на Универзитетот се:

  • Факултет за образовни науки – декан проф. д-р Никола Смилков
  • Факултет за медицински науки – декан проф. д-р Бистра Ангеловска
  • Економски факултет – декан проф. д-р Ристо Фотов
  • Машински факултет – декан доц. д-р Дејан Мираковски
  • Технолошко-технички факултет – декан доц. д-р Винета Сребренкоска
  • Факултет за музичка уметност – Проф. д-р Илчо Јованов
  • Факултет за природни и технички науки – декан проф. Зоран Панов
  • Земјоделски факултет – декан проф. д-р Илија Каров
  • Правен факултет – декан проф. д-р Јован Ананиев
  • Факултет за туризам и бизнис логистика – декан доц. д-р Нако Ташков
  • Филолошки факултет – декан доц. д-р Јованка Денкова
  • Електротехнички факултет – декан доц. д-р Татјана Атанасова Пачемска
  • Факултет за информатика – декан проф. д-р Цвета Мартиновска

Покрај овие единици се организираат и: катедри, оддели, институти, центри, лаборатории, библиотеки и други внатрешни организациони единици, како што се:



                                     

2.2. Организација и организациони единици Институти

  • Институт за гастрономија, исхрана и диететика.
  • Институт за историја и археологија;
                                     

2.3. Организација и организациони единици Други внатрешни организациони единици

  • Универзитетска библиотека;

Ректоратот односно седиштето на Универзитетот, каде се сместени највисоките раководни тела, се наоѓа во Штип. Органи на Универзитетот се: Универзитетски сенат, ректор и Ректорска управа.

Универзитетскиот сенат го избираат ректорот и проректорите на Универзитетот. Ректорот ја води седницата на Универзитетскиот сенат. Проректорите учествуваат во работата на Сенатот, без право на глас. Универзитетскиот сенат донесува Статут на Универзитетот, одлучува за наставната, научната, уметничката и високостручната дејност. Исто така, Сенатот ги усвојува студиските програми на факултетите ги утврдува научните, односно уметничките области.

Ректорот како раководен орган на Универзитетот го застапува Универзитетот во земјава и странство, ја води меѓународната соработка на Универзитетот и иницира соработка со други универзитети во земјава и во странство. Ректорската управа ја сочинуваат: ректорот, проректорите, деканите на факултетите, директорите на високите стручни школи и еден претставник на студентите од Сојузот на студентите на Универзитетот. Во работата на Ректорската управа учествува и генералниот секретар на Универзитетот, без право на одлучување. Со Ректорската управа раководи ректорот.

Ректор на универзитетот Блажо Боев, кој го наследил Саша Митрев" во 2015 г.

Покрај ректорот, како раководен орган, Универзитетот има и два проректори:

  • Проректор за развој, инвестиција и одржување - проф. Дејан Мираковски.
  • проректор за настава и студенти - проф. Мишко Џидров,

Вкупниот број на вработени на Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип изнесува 438.

                                     

3.1. Симболи Грб на Универзитетот

Грбот на Универзитетот е со тркалезна форма. Во средината е училиштето во Ново Село - Штип, каде што Гоце Делчев учителствувал Ректорат на Универзитетот "Гоце Делчев" - Штип, во горниот дел од кругот е испишан текстот: Универзитет "Гоце Делчев", а во долниот дел: Штип. Со грбот, знамето и химната се претставуваат Универзитетот и единиците на Универзитетот. Грбот на Универзитетот се употребува на знамето, дипломите, плакетите, признанијата, меморандумите, изданијата на Универзитетот, како и на пригодни ковани пари, што се издаваат по повод јубилејни прослави на Универзитетот и друго.

                                     

3.2. Симболи Знаме на Универзитетот

Знамето на Универзитетот е во правоаголна форма, во бордо боја, со златно-жолти реси на рабовите. Во средината е грбот на Универзитетот во златно-жолта боја. Во долниот дел од знамето, во два реда по неговата должина пишува: "Јас го разбирам светот, единствено, како поле за културен натпревар меѓу народите". Знамето на Универзитетот стои постојано истакнато на објектот на Ректоратот на Универзитетот. Знамето на Универзитетот се истакнува пред објектите на единиците и пред објектите на придружните членки на Универзитетот, по повод патронатот на Универзитетот, прослави, свечености и други активности, кои се од значење за Универзитетот, а може да се истакне и при одржување на меѓународни универзитетски средби, натпревари и други собири во согласност со правилата и практиката на одржувањето на тие собири, како и при спортски натпревари и други спортски активности на Универзитетот.

                                     

3.3. Симболи Универзитетски инсигнии

Универзитетските инсигнии се состојат од меѓусебно поврзани гравури кои ја симболизираат културата на регионот во кој делува Универзитетот во Република Македонија. Универзитетските инсигнии ги носат: ректорот и проректорите на Универзитетот, како и деканите, односно директорите на единиците на Универзитетот, на прослави, промоции и други свечености на Универзитетот и единиците на Универзитетот, или на други национални и меѓународни манифестации.

                                     

3.4. Симболи Одора

На Универзитетот се установува одора за: ректорот, проректорите и деканите, односно директорите на единиците. Одората се носи при промоции, прослави и други свечености на Универзитетот и на единиците на Универзитетот, или на национални и меѓународни манифестации. Поблиски одредби за изгледот, употребата на симболите и другите обележја на Универзитетот донесува Ректорската управа.

                                     

3.5. Симболи Плакета

Со посебна одлука на Универзитетскиот сенат се востановува: плакета, повелба, благодарница, пофалба и други признанија и награди на Универзитетот, кои се доделуваат на заслужни поединци, правни лица или институции, кои со својата работа придонеле за развојот и афирмацијата на Универзитетот, како и за развој на научната мисла, на студентите за постигнатиот успех во студирањето

                                     

3.6. Симболи Химна

Химната на Универзитетот се изведува на прослави, промоции и други свечени и спортски манифестации на Универзитетот, на единиците и на придружните членки на Универзитетот, при меѓународни универзитетски средби и други собири во согласност со правилата и практиката на одржувањето на тие собири. Химната се изведува со свирење, со пеење или комбинирано. Химната на Универзитетот е свечена песна, посветена на улогата и значењето на Универзитетот. Изработена е од доц. д-р Илчо Јованов Химна на УГД:

                                     

4. Студенти

Статус на студент на Универзитетот се стекнува со запишувањето на прв, втор и трет циклус на студии во рамките на еден од 13 факултети на Универзитет "Гоце Делчев" – Штип. Статусот на студент се докажува со студентска легитимација. Студентот има право на слободно искажување на мислењата и ставовите во текот на наставата, како и право на изјаснување на квалитетот оценување на наставата и наставниците.

Начинот за упис на идните студенти на факултетите е преку полагање на надворешни и интерни испити во рамките на државната матура. За реализација на конкурсот за запишување во прв циклус на студии на Универзитетот се формираат конкурсни комисии за секоја единица. Рангирањето на кандидатите го врши конкурсната комисија. На студентските програми на Универзитетот не можат да бидат запишани кандидати кои имаат помалку од 40 бода, добиени по сите основи.

Странските државјани се запишуваат надвор од квотите утврдени во Конкурсот. При пријавувањето кандидатите поднесуваат нострифицирано свидетелство за завршено средно образование, како и нострифицирани свидетелства за сите класови, заверен превод на изводот од матичната книга на родените, потврда за знаење на македонскиот јазик издадена од комисија на Универзитетот и уверение за здравствена состојба. Кандидатите наведуваат дали се стипендисти на својата влада или самостојно ги поднесуваат трошоците на студирањето. На странските државјани кои се пријавуваат на факултетот за музичка уметност им се врши проверка на знаењата и умеењата. Универзитетот "Гоце Делчев” во Штип организира курс за изучување на македонскиот јазик. Школарината за странските студенти за учебната 2012/2013 година изнесува 300 евра за еден семестар на сите единици, освен на Факултетот за медицински науки, каде за еден семестар изнесува 500 евра, доколку поинаку не е регулирано со договор за меѓууниверзитетска соработка. Во оваа категорија влегуваат и кандидатите странски државјани чии родители или пак тие работат во дипломатските претставништва во Република Македонија.

Софтверско решение кое придонесува за модерен начин на студирање е електронскиот индекс на Универзитетот. Преку електронскиот индекс се овозможува комплетно електронско студирање, вклучувајќи електронски упис и заверка на семестар, електронско пријавување на испити и семинарски работи, објава на електронски резултати, електронска огласна табла, перманентна електронска комуникација и електронски консултации со наставничкиот и соработничкиот кадар, електронско учење, како и многу други активности.

Студентите од сите степени на високо образование кои се без родители, слепи, глуви, инвалиди од прва и втора група, мајки со деца до шестгодишна возраст и хоспитализираните лица имаат право на посебни предности утврдени со Статутот на високообразовната установа.



                                     

5. Меѓууниверзитетска соработка

Универзитетот остварува соработка со многу образовни и научни институции во земјава и во странство. Соработката со универзитетите од странство се реализира во рамките на меѓународните универзитетски асоцијации и мрежи, како и со билатерални договори.

Целта е воспоставување соработка за развивање и проширување на научните и професионални искуства, научна и техничка соработка со странски и со национални високообразовни и научни установи и остварување на други форми на меѓународна соработка.

Универзитетот "Гоце Делчев", како член на Ерасмус мрежата, отвора можност студентите да добијат Ерасмус стипендија. Ерасмус програмата подразбира испраќање и примање на студенти од странство. Ерасмус студентите можат да поминат еден или два семестра на некој од европските универзитети, каде ќе имаат можност да го изучуваат јазикот на државата во која престојуваат и да ја запознаат нивната култура. Испитите кои ќе ги полагаат студентите додека престојуваат во странство ќе им бидат признати согласно со Правилникот за ЕКТС.

Универзитетот "Гоце Делчев" се стреми за плодна и ефикасна соработка со другите универзитети, така што потпиша договори за меѓусебна соработка со:



                                     

6. Наука и истражување

Универзитетот "Гоце Делчев" - Штип одгледува и произведува академски вредности кои на општата скала на општествени вредности традиционално се поставуваат многу високо. Во најголема мерка позитивните академски вредности се темелат на движечката сила која произлегува од научните активности. Универзитетското наследство, универзитетската независност-автономност, универзитетската веродостојност се основни елементи на кои може со сигурност да се подигнат новите генерации на интелектуалци, извонредни професионалци, квалитетни личности кои можат да ја носат одговорноста на иднината на општеството. Во оваа насока научните истражувања ги развиваат поединечните квалитети на секој поединец како важен елемент на универзитетската академска заедница. Научните истражувања на Универзитетот кои се изведуваат како фундаментални и како апликативно развојни се темелат на поединечниот проектен пристап кој го одразува и осигурува минималниот развој на академските јадра. Научните истражувања на Универзитетот се изведуваат во рамките на факултетите, односно во рамките на нивните катедри-департменти.

                                     

7. Надворешни врски

  • Земјоделски факултет - Штип
  • Факултет за туризам и бизнис логистика - Гевгелија
  • Факултет за образовни науки - Штип
  • Машински факултет - Виница
  • Официјална страница на Универзитетот "Гоце Делчев"
  • Економски факултет - Штип
  • Факултет за природни и технички науки - Штип
  • Факултет за информатика - Штип
  • Филолошки факултет - Штип
  • Правен факултет - Кочани
  • Факултет за музичка уметност - Штип
  • Технолошко-технички факултет - Пробиштип
  • Електротехнички факултет - Радовиш
  • Факултет за медицински науки - Штип