Топ-100
Back

ⓘ Математика - Матрица, математика, Равенка, Драган Димитровски, Петар Мартулов, Награда по математика за девојчиња, Абакус, Агломер, Аксиома, Алгебра, Асимптота ..




                                               

Матрица (математика)

Во математиката, под поимот матрица се подразбира правоаголната шема: A = _{m\times n}} која е составена од m ⋅ n {\displaystyle m\cdot n} елементи. Хоризонталните низи се нарекуваат редици на матрицата, додека вертикалните колони. Матрицата погоре има m редици и n колони. За таа матрица велиме дека е од ред m × n читај ем-по-ен. Елементите на матрицата може да бидат броеви, но и не мора. Матриците чии елементи се броеви се викаат бројни матрици.

                                               

Равенка

Равенка е математички израз со една или повеќе променливи величини наречени непознати Равенката изгледа како равенство, но има многу поинаква смисла и значење: Равенството е исказ што вели дека левата и десната страна на знакот за равенство се истоветни или претставуваат ист математички објект. Пример за равенство би бил 2 + 2 = 4. Равенката пак, не е исказ, туку проблем кој бара наоѓање на вредностите, т.е. решение. Кога непознатите ќе се решат, равенката стаува равенство. На пример, 2 е решението на равенката x + 2 = 4, каде непозната е x. Равенка може да значи и заемен однос на некои пр ...

                                               

Драган Димитровски

Димитровски е роден во Скопје во 1934 година. Дипломирал математика на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1958 година, а докторирал во 1968 година на тема "Прилог кон теоријата на обоп­штените аналитички функции". За асистент на ПМФ бил избран во 1960 година. Доцент станал во 1968 година, вонреден професор од 1973 година, а редовен професор од 1981 година. Бил продекан на Природно-математичкиот факултет од 1974 до 1976 година како и шеф на Институтот за математика од 1993 до 1997 г. Во својата 43-годишна наставна кариера држел предавања и вежби по 14 предмети, на сите шест инстит ...

                                               

Петар Мартулов

Петар Мартулов - македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

                                               

Награда по математика за девојчиња

Наградата за математика на Advantage Testing Foundation, честопати наречена Награда по математика за девојчиња, е годишен натпревар по математика, отворен за ученички од средните училишта од САД и Канада. Натпреварот ја нуди најголемата единствена парична награда во светот за математика за млади девојки. Во 2017 година, наградата за првото место беше 46.000 УСД, и уште 9.000 УСД поделени меѓу преостанатите финалисти. Девојките можат да освојат максимум 50.000 УСД со учество на натпреварот во текот на повеќе години. Организиран секоја година од Фондацијата за тестирање на предност, се смета ...

                                               

Абакус

Абакусот, познат и како рамка за пресметување, е средство за пресметување кое се користи првенствено во делови на Азија за вршење аритметички процеси.Денес, абакусите најчесто се конструирани како бамбус рамка со мониста што се лизга на жици, но првично тие биле зрна грав или камења кои се движеле во браздите на песок или на плочи од дрво, камен или метал.Абакус е во употреба векови пред донесувањето на пишаниот модерен броен систем и сè уште се користи од страна на трговци и чиновници во Азија, Африка и други места.

                                               

Агломер

Во геометријата, агломер е транспарентна кружна или полукружна алатка за мерење на агли. Единиците мерки кои се употребуваат на агломерот се степени. Симбол на степенот е °. Секој агломер има центар и основна линија, како и две скали со броеви во степени за мерење на агли во двете насоки во насока на движењето на стрелките на саатот, или во спротивната. Основната линија не е дното на агломерот, туку е паралелна со дното и врви низ центарот. При мерење на агол со агломер, центарот се поставува врз темето на аголот, а едната страна од основната линија врз едниот крак на аголот. Гледајќи ја с ...

                                               

Аксиома

Под аксиома се подразбира она што е исправно, став што не треба да се докажува, а е основа на секое докажување. Поимот ги означува првите принципи на логиката, метафизиката, етиката како и на математичките постулати. Аксиомите или највишите принципи на секоја наука, оние ставови со кои се толкува нивниот предмет и нивните суштински ознаки, се непосредно евидентни и сигурни, служат за заклучување и докажување, додека самите не можат да се докажат. Според Аристотел аксиома е оној принцип кој треба да се прифати ако се сака нешто да се разбере, односно тоа е првата поставка од која почнува до ...

                                               

Алгебра

Алгебра - еден од поголемите делови од математиката, заедно со теоријата на броеви, геометрија и анализа. Во својата најопшта форма, алгебрата е студија на математички симболи и правила за манипулирање со овие симболи; тоа е обединувачка нишка на речиси целата математика. Како таква, таа вклучува сè од решавање на основни равенства до проучувањето на апстрактни теми како групи, прстени и полиња. Поосновните делови од алгебрата се нарекуваат елементарна алгебра; поапстрактните делови се нарекуваат апстрактна алгебра или модерна алгебра. Елементарна алгебра е генерално се смета дека е од суш ...

                                               

Асимптота

Асимптота - права во математиката чие растојание од дадена крива, при ограничено или бесконечно продолжување на двете линии, сè повеќе се намалува, т.е., се стреми кон нула. Двете линии во ваков математички случај никогаш не се сечат. На пример, x-оската е единствената асимптота на кривата y = sin ⁡ x {\displaystyle y={\frac {\sin {x}}{x}}}. Во математиката се разликуваат три типа асимптоти: вертикална, хоризонтална и коса асимптота. Функција може да има една или повеќе асимптоти, но може да нема ниту една.

Осумаголник
                                               

Осумаголник

Осумаголник – многуаголник со осум темиња и осум страни. Секој осумаголник кој не е правилен се нарекува неправилен.

Петнаесетаголник
                                               

Петнаесетаголник

Правилен петнаесетаголник може да се конструира со помош на линијар и шестар. Следнава анимација ја илустрира чекор по чекор конструкцијата на правилен петнаесетаголник, конструкција која Евклид ја навел во својата четврта книга ’Елементи’’.

Стохастичка парцијална диференцијална равенка
                                               

Стохастичка парцијална диференцијална равенка

Стохастичките парцијални диференцијални равенки се општа форма на парцијалните диференцијални равенки. Тие за да ја постигнат таа цел користат коефициенти и поими со случајни сили, слично на начинот со кој стохастичките обични диференцијални равенки поошто ги изразуваат обичните диференцијални равенки. СПДР се од голема важност за квантната теорија на полиња, статистичката механика и просторната анализа.

Суплементарни агли
                                               

Суплементарни агли

Суплементарни агли се два агли чиј збир изнесува 180 степени. Доколку аглите имаат еден заеднички крак тогаш нивните надворешни краци формираат рамен агол, односно права. Сумплементот на агол од 135 степени е агол од 45 степени. Сумплементот на агол од x степени е агол од 180 − x степени.

Хистограм
                                               

Хистограм

Во статистиката, хистограм е низа од правоаголници поставени еден до друг во правоаголен координатен систем. Едната страна лежи на x-оската и истата се совпаѓа со интервалот во кој се наоѓаат дел од вредностите на бројчените податоци, а другата страна е со должина еднаква на фреквенцијата на бројчените податоци што соодветствува на тој интервал.

Шеснаесетаголник
                                               

Шеснаесетаголник

Правилен шеснаесетаголник може да се конструира со помош на линијар и шестар. Една од можните конструкции се надоврзува на конструкцијата на осумаголник. Доволно најпрво да се конструира правилен осумаголник, а потоа и симетрали на четирите соседни страни и во пресекот со кружницата да се добијат осум точки кои со темињата на осумаголникот ќе чинат шеснаесет темиња на правилен шеснаесетаголник.

Шестаголник
                                               

Шестаголник

Шестаголник – многуаголник со шест темиња и шест страни. Секој шестаголник кој не е правилен се нарекува неправилен. Овој вид може да ги има следниве облици:

Users also searched:

...
...
...