Топ-100
Back

ⓘ Медицина - Медицина, Орална медицина, Нобелова награда за физиологија или медицина, Остеопатска медицина, Доктор по медицина, Судска медицина, Ајурведа ..




                                               

Медицина

Медицина е наука и пракса за одржување на здравјето и за проучување, превенција, дијагноза и третман на болести и повреди на луѓе. Традиционално е сметана и за уметност и за наука: терминот потекнува од латинските зборови ars medicina со значење уметноста на лечењето. Во пошироката смисла на зборот медицина, покрај хуманата медицина, се вклучува и ветеринарната медицина како наука и пракса за одржување на здравјето на животни. Модерната медицина применува здравстени науки, биомедицинско истражување и медицинска технологија во своја полза со цел да се дијагностицираат и лекуваат болестите и ...

                                               

Орална медицина

Орална медицина е специјалност се фокусираше на устата и околните структури. Тоа лежи на интерфејс помеѓу медицината и стоматологијата. На специјалност е дефиниран во рамките на Европа под Директива 2001/19/EC.

                                               

Нобелова награда за физиологија или медицина

Нобелова награда за физиологија или медицина - годишна награда што ја доделува Кралската академија на науките на научници од различни области на медицината. Таа е една од петте Нобелови награди што ја основал во 1895 година пронаоѓачот на динамитот, шведскиот физичар Алфред Нобел. Останатите награди се: Нобелова награда за физика, Нобелова награда за хемија, Нобелова награда за литература, Нобелова награда за мир и Нобелова награда за економија. Според тестаментот на Нобел, наградата се исплатува од средствата на фондацијата "Нобел", ја доделува комитет од пет члена кои ги избира Кралската ...

                                               

Остеопатска медицина

"Остеопатската медицина" е "комплетен систем на медицинска грижа чија филозофија е да се задоволат потребите на пациентите со користење на медицина, хирургија и акушерство. Во остеопатската медицина, особено внимание се посветува на врската помеѓу структурата и функцијата. Истовремено се подвлекува способноста на телата да се лечат сами." Надвор од САД, "остеопатската медицина" е обично синоним за "остеопатија". Докторите по Остеопатска Медицина Д.О. користат филозофија на лечење на целото тело холистички пристап. Оваа филозофија се користи за превентива, дијагноза и лечење на болести. Ост ...

                                               

Доктор по медицина

Доктор по медицина или MD, од латинските зборови Medicinæ Doctor што значи "Наставник по медицина") е докторска титула за лекарите. Вообичаено, во повеќето земји лекарската професија е строго регулирана и за да се биде професионален доктор, потребно е да се има универзитетска диплома.

                                               

Судска медицина

Судска медицина претставува примена на широк спектар на науки со цел да се решат прашања од интерес на законскиот систем. Прашањата можат да бидат поврзани со злосторство или граѓанска активност. Но и покрај поврзаноста со законскиот систем, во поширока смисла форензиката ги вклучува прифатените научни методи и норми според кои фактите кои се однесуваат на некој настан, артефакт или некој друг физички предмет се пошироко прифатени и одредувањето дали некој предмет е тоа што треба да биде или е наведен како суштество го вршат елементи надвор од законскиот систем. Зборот "Форензика" потекнув ...

Ајурведа
                                               

Ајурведа

Ајурведа е систем на традиционална медицина што потекнува од Индија, а се практикува и во други делови од светот како форма на алтернативна медицина. Во санскрит, зборот ајурведа ги вклучува зборовите āyus, со значење живот и veda, со значење наука. Низ историјата, ајурведа останала да биде влијателен систем на медицина во јужна Азија. Најраната форма на ајурведа се појавува во периодот на ведите во Индија.

Тријажа
                                               

Тријажа

Во медицината под поимот тријажа се подразбира распоредување и групирање на болните или ранетите во групи според природата на болеста и раните, како и според обликот и итноста на медицинската помош што треба да им се укаже. Самиот збор потекнува од фр. triage што значи одбирање. При влезовите на болниците постои приемно-ургентно одделение каде се врши ваква служба која претставува филтер за селекција на продорот на пациенти.

Хипервитаминоза
                                               

Хипервитаминоза

Хипервитаминоза е состојба на организмот кога во него има преголеми количества на одреден витамин. При тоа можат да се појават симптоми на труење. Може да се јави хипервитаминоза на витамините: А. Д, Е, К, Ц и др.

                                               

Хиповитаминоза

Хиповитаминоза е делумниот недостиг на одреден витамин во организмот. При состојба на хиповитаминоза, организмот чувствува негативни промени, меѓутоа ваквата состојба бргу се надминува со земање на храна или пијалаци кои го содржат тој витамин.