Топ-100
Back

ⓘ Општество - Светски ден на телекомуникациите и информациското општество, Иво Ивановски, Активизам, Живеалиште, Клан, Класна борба, Мир, Мултикултурализам ..




                                               

Светски ден на телекомуникациите и информациското општество

Светски ден на телекомуникациите и информациското општество – 17 мај дефиниран од ООН кога се прославува денот на телекомуникациите и информациското општество. Целта на овој настан е да се даде помош во зголемувањето на свеста за можностите што користењето на интернетот и другите информациски и комуникациски технологии може да му го донесе на општествата и економиите, како и начинот да се премости дигиталниот јаз. 17 мај ја означува годишнината од потпишувањето на првата Меѓународна телеграфска конвенција и формирањето на Меѓународната унија за телекомуникации.

                                               

Иво Ивановски

Основното образование го завршува во ОУ "Коле Канински" - Битола. Во 2001 година дипломирал во областа на информатиката и информатичкото инженерство на државниот универзитет "Охајо Стејт" во градот Колумбус, Охајо САД. Своето образование го продолжил на универзитетот "Френклин", каде се здоби со магистерска диплома во областа на информатика во 2003 година.

                                               

Активизам

Активизам означува преземање акција со определена цел, односно спроведување на одредена активност или комбинација на акции со цел да се предизвикаат посакувани и очекувани социјални и политички последици и резултати. Како карактеристика на цивилното општество, активизмот значи неприфаќање на пасивната улога на која се сведени граѓаните во услови на претставничка демократија или на некој недемократски режим и нивно ангажирање за подигање на свеста околу некое прашање и/или влијаење врз процесот на одлучување. Активизмот може да биде насочен кон власта, кон економските центри на моќ или кон ...

                                               

Живеалиште

За значењето на овој поим во екологијата, видете Хабитат. Живеалиште е стан и/или други населени простории или објекти кои не се наменети за живеење. Живеалиштата се делат на: 1. Стан, во поединечна или станбена зграда; 2. Друга населена просторија која не е наменета за живеење во станбена зграда; 3. Населена деловна просторија ; 4. Импровизирано живеалиште ; 5. Колективно живеалиште.

                                               

Клан

Клан е група на луѓе кои се обединети според вистинско или измислено крвно сродство и заеднички предок. Роднинските врски може да бидат симболични. Во случај предокот да не е човек, тогаш е животно што всушност е тотем. Зборот доаѓа од галскиот clann што значи деца или потомство. Овој збор за првпат е употребен во англискиот јазик околу 1425 година, како етикета за природата на заедницата на Шкотските Гори. Кланови постојат во секоја земја, а нивните членови се идентификуваат со свој грб или друг вид на симбол со кој се разликуваат од останатите кланови.

                                               

Класна борба

Класната борба е борба помеѓу општествените класи кои го сочинуваат едно општество. Во основата на концептот лежи тезата дека општеството е поделено на класи и дека помеѓу класите може да постои класна соработка или класна борба. Застапниците на класната борба, инсистираат на тврдењето дека класната соработка, во најмала рака долгорочно, е во корист само на експлоататорската класа и дека всушност експлоататорската класа, иако го прикрива тој факт, сепак води класна борба против експлоатираната класа. Поради тоа, застапниците на класната борба инсистираат на потребата и експлоатираната клас ...

                                               

Мир

Мир е состојба кога на некоја територија не се води војна. Повеќето војни резултираат со некаков мир, најчесто неповолен за поразените. Сепак, постојат и војни кои завршиле со тотално уништување на поразениот

                                               

Мултикултурализам

Концептот на мултикултурализмот во неговото дескриптивно значење е нашироко прифатен. Да се каже дека некое општество е мултикултурно, значи да се посочи на културното различје на тоа општество. Таквата употреба на концептот е еднаква на значењето на културниот плурализам. Нормативното значење на мултикултурализмот се однесува на можните начини на општествена организација, која за свој принцип го има културното различје. Во контекст на политичко-правната теорија, посебно во рамките на либералната теорија, мултикултурниот дискурс се темели на премисата дека малцинските култури, односно начи ...

                                               

Номади

Номади се заедница на луѓе кои се движат од едно до друго место и немаат постојано место на живеење. Денес, во светот постојат околу 30 до 40 милиони номади. Многу култури и заедници биле номадски, но денес номадските народи се среќаваат ретко поради индустријализацијата на светот. Има три вида на номади: номади што се преселуваат поради трговија, и номади што се преселувале поради пасишта. номади што се преселуваат поради ловење,

                                               

Општествена класа

Општествена класа, според Владимир Илич Ленин, е голема општествена група која се разликува од другите класи според своето место во историски определен систем на општествено производство, според својот однос кон средствата за производство, според својата улога во општествената организација на трудот и, според тоа, според начинот на добивањето и големината на делот од општественото богатство со кое располага. Поделбата на општеството на класи не е општоприфатено гледиште, иако таа има голем број застапници, особено помеѓу марксистите и анархистите. Според приврзаниците на теоријата за класн ...

Users also searched:

...
...
...