Топ-100
Back

ⓘ Сообраќај - Превоз, Патен сообраќај, во Бугарија, во Хамбург, во Естонија, во Албанија, Аеропут, Гаража, Европалета, Животински-придвижуван превоз, Камион ..




                                               

Превоз

Превоз, сообраќај или транспорт - движење на луѓе, добра, сигнали и информации од едно место до друго. Поимот е изведен од латинските зборови trans и portare.

                                               

Патен сообраќај

Патен сообраќај или копнен сообраќај - движење на луѓе, предмети, енергија и информации од едно место на друго со искористување на патишта. Патниот сообраќај е еден од најчестите видови сообраќај и е од посебно значење затоа што се користи како дополнителен сообраќај на поморскиот и железничкиот. Главна конкурентска предност на овој вид на превоз е високата еластичност и флексибилност.

                                               

Сообраќај во Бугарија

Сообраќајот во Бугарија е една од главните едкономски сегменти на републиката. Во Бугарија опстојуваат поморскиот, патниот, воздушниот и железничкиот сообраќај, меѓу останатите.

                                               

Сообраќај во Хамбург

Сообраќајот во Хамбург се состои од голема патна мрежа, железнички систем, подземна железница, аеродроми и поморски услуги за повеќе од 1.7 милиони жители на градот Хамбург и 4.3 милиони луѓе во метрополитенската област Хамбург. Од средниот век, како ханзин град, еден од сообраќајот на Хамбург бил економската трговија со други градови или региони. Во 2008, хамбуршкото пристаниште било второ најголемо пристаниште во Европа. Хамбург е поврзан со четири автопати, додека во Хамбург има и два аеродроми. Сообраќајниот сојуз на Хамбург бил првата организација од ваков вид во светот и во 2008, бил ...

                                               

Сообраќај во Естонија

Република Естонија се наоѓа на крајниот исток од Европската Унија, поради што сообраќајот на земјата се потпира на врските со Унијата од западната страна и со земјите на исток од неа и тоа најмногу со Русија. Сето ова придонесува за развојот на патниот сообраќај во земјата, посебно на морскиот сообраќај, благодарение на долгото балтичко крајбрежје на Естонија. Естонија има добро развиен патен, железнички, воздушен и воден сообраќај. Главниот транспортен јазол во земјата е главниот град Талин.

                                               

Сообраќај во Албанија

Република Албанија по својата положба е балканска и средоземна земја. Меѓутоа заради бројни природни препреки и долгата изолација во меѓународните односи, земјата била долго сообраќајно одвоена од соседните земји. Главниот град на земјата, Тирана, е средишен сообраќаен јазол на земјата.

Аеропут
                                               

Аеропут

Аеропут, или целосно име Друштво за воздушен сообраќај АД Аеропут, беше првата југословенска авио компанија сместена во Белград. Оснаована во 1927, Аеропут постоеше сè до преименувањето од 1947 г. во Југословенски аеротранспорт.

Гаража
                                               

Гаража

Гаража – Ограден и покриен простор за чување и поправка на возила. Името "гаража" произлегува од францускиот збор garage. Според основната функција може да биде куќна и јавна. Гаражата се разликува од паркиралиштето по тоа што е градба од затворен тип.

Европалета
                                               

Европалета

Европалета - палета изработена од дрво со стандардни димензии. Плоштината на палетата изнесува 0.96 m². Нејзината тежина изнесува 20-24 кг, а носивоста ѝ е 1 500 кг за рамномерна распределба на товарот и 1 000 кг за нерамномерна. Служи за олеснување на ракувањето во транспортниот сообраќај.

Животински-придвижуван превоз
                                               

Животински-придвижуван превоз

Животински-придвужуван превоз - широка категорија на човековото исползување на работни животни за пренос на луѓе и стока. Луѓето или директно јаваат на животните, ги користат за носење товар, или пак ги впрегнуваат во ѕевгари и сл. за влечење на возила или санки.

Камион
                                               

Камион

Камион е моторно возило наменето за транспорт на товар. Камионите се разликуваат значително, во зависност од големината, моќта на моторот и градбата; помалите камиони се слични на автомобилите, а комерцијалните камиони имаат различна намена и се среќаваат под различни имиња, како: шлепер, миксер, кипер итн.

Личен превоз
                                               

Личен превоз

Личниот превоз е превоз што се врши од или за поединци и не е достапен јавно. Примери за ваквиот превоз се: приватен авион мотоцикл автомобил такси делење на автомобил велосипед пешачење

                                               

Светска асоцијација за електрични возила

Светската асоцијација за електрични возила е меѓународна организација која го промовира користењето на електрични возила. Седиштето на асоцијацијата е во Вашингтон, САД. Нејзин претседател е Женевив Кулен.