Топ-100
Back

ⓘ Технологија - Поморска технологија, Приказен уред, Вилијам Даниел Филипс, Монитор, Енергетика, Информациски и комуникациски технологии, Видео, ГПС ..




                                               

Поморска технологија

Морската технологија е дефинирана од WEGEMT како "технологии за безбедна употреба, експлоатација, заштита и интервенција во морската околина". Во овој поглед, според WEGEMT, технологиите вклучени во морската технологија се следниве: поморска архитектура, морско инженерство, дизајн на брод, градење на брод и операции на брод; истражување, експлоатација и производство на нафта и гас; хидродинамика, навигација, поддршка на морска површина и под-површина, подводна технологија и инженерство; морски ресурси ; транспортна логистика и економија ; испорака на копно, крајбрежје, плитко море и длабок ...

                                               

Приказен уред

Приказен уред - излезен уред за претставување на информации во визуелен или допирен облик. Кај електронските приказни уреди, влезните информации доаѓаат од електросигнали. Најчести примери за вакви уреди се телевизорите, мониторите и информативните табли.

                                               

Вилијам Даниел Филипс

Вилијам Даниел Филипс - американски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика во 1997, која ја споделил со Стивен Чу и Клод Коен Тануџи.

                                               

Монитор

Монитор е приказен уред кој визуелно ги прикажува сликите кои ги генерира графичката картичка или друг уред со излезна видео порта. Ерата на мониторите покрај постојаните усовршувања воглавно ја означуваат две технологии и тоа првата и постара метода а тоа е со катодна цевка. Таа технологија се одликува со екрани кои зафаќаат поголема површина и имаат заоблен екран. Втората и најнова технологија е монитори кои се прилично слаби и со рамен екран и користат технологија на течен кристал.

                                               

Енергетика

Енергетика - меѓудисциплинска инженерска наука што се занимава со делотворно, безбедно, еколошки безбедно и економски исплатливо добивање, претворање, пренос, складирање и искористување на енергија.

                                               

Информациски и комуникациски технологии

Информациски и комуникациски технологии - збирен назив којшто ја нагласува улогата на обединетите коомуникации, интегрирањето на телекомуникациите и сметачите, како и потребната програмска опрема и системи на складирање коишто им овозможуваат на корисниците да пристапат, да ги складираат, да ги пренесуваат и да ги менуваат информациите. Терминот ИКТ исто така се користи за да се означи конвергенцијата на аудио-визуелни и телефонски мрежи со сметачките мрежи преку единствен систем за поврзување со кабли или врска. Постои голема економски користи од спојувањето на телефонската мрежа со смета ...

                                               

Видео

Видео или видеотехника е заеднички назив за низа технички постапки со кои се остварува снимање, запис, обработка, пренос и прикажување на подвижни слики што се гледаат на телевизискиот или компјутерскиот монитор. Поимот видео се користи во сложенките како што се видеокамера, видеосигнал, видеорикордер, видеокасета, итн., но во секојдневниот говор тој често означува каков било видеозапис или направа за негова репродукција. Попознати аналогни формати на видеозапис за домашна употреба се: VHS, S-VHS, Бетамакс Betamax, Видео 2000, а дигитални се: Quicktime, MPEG-2, MPEG-4, MKV, RMVB и други.

                                               

Господар-роб (технологија)

Master/slave е модел на комуникација каде една машинска опрема или процес има унидиректна/еднонасочна контрола над една или повеќе машински опреми. Веќе кога master/slave релацијата помеѓу машинските опреми е воспоставена, контролата е секогаш во насока од господарот кон робот. Кај некои системи господарот е избран од група квалифицирани машински опреми, со којшто со другите машински опреми играат улога на роб.

                                               

ГПС

Глобален систем за позиционирање или ГПС е единствениот целосно функционален глобален навигациски сателитски систем. Користејќи група од најмалку 24 сателити што пренесуваат прецизни микробранови сигнали, системот овозможува GPS приемниците да ја пресметаат нивната местоположба, брзина, правец и време. Други слични системи се рускиот ГЛОНАСС, најавениот европски Галилео, предложениот COMPASS на Кина и ИРНСС на Индија. GPS системот е развиен од Американскиот Департмент за Одбрана и е официјално именуван NAVSTAR GPS. Групата од сателити е управувана од 50-тиот Space Wing на Американското Вое ...

                                               

Дигитален фотоапарат

Дигитални фото-апарати, или дигитални камери Денеска, најпродавани фото-апарати, всушност, се дигиталните фото-апарати и тие наидоа на широка употреба помеѓу поголем број на луѓе и примена во сите сфери на животот и како такви, вградени се во многу други уреди од ПДА уреди и Мобилни телефони, па сè до внатрешноста на автомобилите. Распространетоста на дигиталните фото-, денеска е поголема од било кога. Најзначајни произведувачи на светскиот пазар се: Канон, Никон, Олимпус, Панасоник, Сони, Тошиба, Пиксел и др.