Топ-100
Back

ⓘ Историја - на САД, на Америка, на исламот, на уметноста, Аспасија, Будика, Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата, Телесила, Цирка ..




                                               

Историја на САД

Ова е статија само за историјата на САД. За историјата на копното Америка, погл. Историја на Америка Историјата на САД се смета дека започнува кога луѓето преминале преку Беринговиот Проток во она што денес е Алјаска. Никој не е сигурен кога почнале тие преселби, а неодамнешните проценки укажуваат дека почнале пред 14.000 - 16.000 години.

                                               

Историја на Америка

Ова е статија за историјата на Америка. За историјата на Соединетите Држави, погл. Историја на САД Под поимот историја на Америка се подразбира историјата на Америка, односно заедничката историја на Северна и Јужна Америка, вклучувајќи ги Средна Америка и Карибите. Започнува со миграциите од Азија на овие простори во време на леденото доба. Се смета дека овие групи потоа биле изолирани од луѓето од "Стариот Свет" сè до доаѓањето на Европјаните во 10 и во 15 век.

                                               

Историја на исламот

Историја на исламот - историјата на исламот како религија и општествена установа. Според исламот, погрешно е да се каже дека историјата на Исламот во Арабија започнала со муслиманскиот пророк Мухамед во VII век. Според исламската вера и Светиот текст, исламската историја започнува со Адам и Ева. Тие се сметаат за први апостоли на Бог. Подоцна, многу пророци како Аврам, Мојсеј, Исус, се предавале на истата вера, макар и во различни региони или во различни точки на времето. Како и повеќето светски религии, историската еволуцијата на исламот има значително влијание врз политичките, економскит ...

                                               

Историја на уметноста

Историјата на уметност се однесува на визуелната уметност која може да се дефинира како секоја активност или производ создадени од човекот во визуелна форма за естетски или комуникативни цели, изразувачки идеи, емоции или главно како поглед на светот. Низ времето уметноста е класифицирана на различни начини, од средновековното разликување помеѓу либерална уметност и механичка уметност, до современата разлика меѓу ликовна и применета уметност или многуте современи дефиниции кои ја дефинираат уметноста како манифестација на човечката креативност. Подоцнежното проширување на листата на главна ...

                                               

Аспасија

Аспасија и Перикле имале син со име Перикле Младиот, но сите детали за нивниот брачен статус не се познати. Според Плутарх, нејзината куќа станала интелектуален центар во Атина, привлекувајќи ги најистакнатите писатели и мислители, вклучувајќи го и филозофот Сократ. Исто така, се сугерира дека учењата на Аспасија влијаеле врз Сократ. Така, од неа Сократ ја изучувал поезијата, Платон философијата, а Перикле говорништвото. Аспасија била спомената во пишувањето на филозофите Платон, Аристофан, Ксенофонт и други автори од тоа време. Иако таа го поминала поголемиот дел од својот живот во Грција ...

                                               

Будика

Будика, исто така позната во Велс како Будуг - кралица на британското племе Ицени, келтско племе кое го предводи востанието против окупаторските сили на Римското Царство. Сопругот на Будика, Прасутаг бил владетел на Ицените. Тој владеел како номинално независен сојузник на Рим и го оставил своето царство на неговите ќерки и римскиот цар. Меѓутоа, кога тој починал неговата волја била игнорирана и царството било освоено. Во 60 или 61 година, додека римскиот гувернер Гај Суетониј Павлин водел кампања на островот Англесеј, Будика ги предводи Ицените како и Триновантите и другите во револт. Тие ...

                                               

Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата

Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата е историски материјалистичка расправа напишана од страна на Фридрих Енгелс и објавени во 1884 година. Таа е делумно врз основа на забелешките од Карл Маркс за книгата Античко општество од Луис Хенри Морган. Книгата е една од првите големи дела во рамките на семејната економија.

                                               

Телесила

Кога била болна, Телесила отишла кај Питија да се консултира за своето здравје, а таа ѝ рекла: "τὰς Μούσας θεραπεύειν", што значи "служи им на музите" и така Телесила се посветила на поезијата. Кога Клеомен, кралот на Спарта, извршил инвазија на Аргос во 510 п.н.е., тој ги поразил ги убил сите мажи во битката. Бидејќи повеќе намло мажи за борба, Телесила, го собрала оружјето од светилиштата и домовите, ги вооружила жените. Кога Спартанците се појавиле, Телесила и нејзината армијата не се исплашиле, туку се бореле храбро ги победиле. Лакедемонците, сфаќајќи дека да победат жени би бил завид ...

                                               

Цирка

Цирка, и се однесува на датуми и години. Наоѓа широка примена во генеалогијата и историографијата, кога времето во кое нешто се случило се знае само приближно. Кога се применува кај датуми и години со временски опсег, цирка се применува пред секој датум и година. Датумот и годината пред кој не стои цирка се смета дека е точно познат. На пример, една енциклопедиска статија за Џингис Кан може да почне со "Џингис Кан ц. 1162 - 18 август 1227", што значи дека дотичниот е роден околу 1162 година. Годината во која починал пак, нема ознака, што значи дека таа е точно позната за историјата. На мак ...